Најважни Свет

Страотна е ситуацијата во болниците, пациентите умираат поради недостаток на струја и лекови во Газа

Нови облаци чад над појасот Газа. Израел продолжува со воздушни напади врз појасот Газа, судири и на копно на северот од енклавата. Бројот на жртви од ден на ден се повеке се зголемува. Генералниот директор на болниците во Газа Мухамед Закут апелираше до меѓународната заедница за помош за да се запре војната. Страотна е ситуацијата во болниците, пациентите умираат поради недостаток на струја и лекови, додека многу повредени не можеле да стигнат до болниците за да се лекуваат. Во болницата Ал Шифа, животите на десет бебиња се загрозени, откако останала без гориво со што сите операции биле прекинати

 „Сега има 39 доенчиња на одделението за неонатална интензивна нега, едно од нив почина, а останатите се борат со смртта. На одделот за интензивна нега има и 40 повредени, еден од нив го загубивме во првиот час од прекинот на струјата. Никој не може да влезе или излезе од болницата Шифа, затоа повредените луѓе надвор од болницата не можат да најдат каде да се лекуваат, особено со тоа што болницата Ал Кудс е целосно надвор од функција и неможноста итните случаи да се префрлат на југот.“- вели Д-р Мохамед Закут, генерален директор на болниците во Појасот Газа .

Постојано нови повици за прекин на огнот.Францускиот претседател Макрон во синокешното интервју за Би-би-си побара Израел да престане со бомбардирањата. Израелскиот премиер пак го отфрли повикот на Макрон за прекин на огнот во Газа..

„Хамас носи „одговорност за каква било штета нанесена врз цивилите“, одговори Нетанјаху.

Покрај воздушните напади утринава врз Газа, Израел со воздушни напади одговорија и на нападите на Хезболах од Либан. Израелската армија соопшти и дека го ликвидирала Ахмед Сијам командантот на Хамас.Тој бил убиен додека се криел во училиштето Ал Бурак во Газа.

Марија Коцева

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Израелска армија: Уште една теренска болница во Газа

Дејан Дејан

Северна Кореја тврди дека оваа година ќе набави нов ракетен фрлач со повеќе цевки

Дејан Дејан

Трамп демантира дека ја предложил Ники Хејли за потпретседател на претстојните избори

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе