Вести Најважни Свет

Цивилите во северниот дел на Газа ја чекаат 4-часовната пауза од израелското бомбардирање

Цивилите во северниот дел на Газа ја очекуваат четиричасовната воени пауза, за која САД велат дека Израел ќе почне да ја спроведува од денеска, со цел да почнат да им дозволуваат на цивилите да избегаат во јужниот дел на појасот. Сè уште нема одредено време за тоа, иако Израел најави дека претходно ќе ги извести цивилите.
Палестинците утринава чекаат како шетаат низ улиците на градот Газа, со бели знамиња во рацете, и чекаат да заминат на југ.

Израел дообјасни дека не станува збор за никаков прекин на војната, туку тактички паузи.

Додека за Америка, ова е чекор кон правилна насока, за хуманитарните организации времето од 4 часа е кратко за каква било помош. Прашуваат која е ползата од оваа пауза. „Можеме само леб да му поделиме на трауматизираното население, пред повторно да бидат бомбардирани“. Потсетуваат дека болниците и патиштатат се целосно уништени и едвај стигнуваат до повредените и раселени цивили. Болниците кубурат со гориво, и како ја снемува струјата, така се гаснат и болничките одделенија.

Исплашени дека конфликтот може да се прелее и кај нив, Египет смета дека безбедносните коридори не се позитивно решение, туку продолжување на систематското раселување кое е спортивно на меѓународното хуманитарно право. Она што го прави Израел го надминува секој концепт на правото на легитимна самоодбрана, смета Египет.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека неговата земја не сака да го освои, окупира или управува со појасот Газа по завршувањето на војната со Хамас.

„Значи, мораме да имаме кредибилна сила која, доколку е потребно, ќе влезе во Газа и ќе ги убие убијците, бидејќи тоа е она што ќе го спречи повторното појавување на ентитет сличен на Хамас“, рече тој.

Министерството за здравство на Хамас во Газа соопшти дека најмалку 10.812 луѓе, вклучително и 4.412 деца, се убиени откако Израел ги почна воздушните напади врз Појасот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

САД: Можно е Израел да го прекршил меѓународното право со користење американско оружје

Дејан Дејан

Променливо облачно и потопло со сончеви периоди, попладне локална нестабилност – Временска прогноза за 12.5.2024

Дејан Дејан

Бектеши: Со вакви ултиматуми од ВМРО-ДПМНЕ преговорите со ВРЕДИ ќе пропаднат

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе