Вести Македонија Најважни

ЕК ќе ги објави извештаите за напредокот на кандидатите за членство во ЕУ- Македонија очекува признание за постигнатото, но и критика за слабостите

Европската комисија денеска треба да гo усвои пакетот за проширување со извештаите за напредокот на кандидатите за членство во ЕУ за 2023 година.

По нивното усвојување извештаите за напредокот за секоја од земјите кандидати ќе бидат јавно презентирани од страна на ЕК.

Пакетот ги опфаќа шесте земји од Западен Балкан – Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија и Црна Гора, потоа Грузија, Молдавија, Украина, како и Турција, која што се уште официјално има статус на држава кандидат за членство.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи во пресерт на објавувањето на извештаите изјави дека очекува документот за земјава да биде објективен и во него да има признание за постигнатото, но и критика за сите слабости.

Според него, државата прави напори да ги почне преговорите по поглавја за да може да ги адресира слабостите кои постојат.

Австриската министерка за Европска унија и уставни прашања Каролине Едштадлер ја повика Европската унија да преземе чекори кон Западен Балкан.

Пред објавувањето на извештаите за напредокот на земјите закажано за денеска во Брисел, таа на социјалната мрежа икс напиша дека унијата треба да преземе пет чекотри, меѓу кои и одржување меѓувладини конференции со Македонија и Албанија на почетокот на идната година.

Пишува и дека треба да се отворат преговори со Босна и Херцегвина до крајот на годинава, со Црна Гора да се постигне конкретен напредок пред европските избори, и напредок во преговорите со Србија и процесирање на апликацијата за членство на Косово до европските избори.

Императив за ЕУ доколку сака да ја преземе водечката улога, е сите членки на унијата да го признаат Косово.

Едштадлер бара и унијата да даде конкретни датуми за секоја од шесте земји кога ќе се формира новата европска комисија.

Бара и проширувањето на Западен Балкан да не се одлага, а ниту еден од овие чекори не би ги поштедил земјите од исполнување на критериумите пред евентуално членство во унијата.

Во оваа фаза, ЕУ треба да преземе чекор и да обезбеди доказ дека сме сериозни за европската иднина на регионот, пишува едштадлер на социјалната мрежа X.

Претседателката на Еврокомисијата, Урсула фон дер Лајен при минатонеделната посета на Скопје, во рамки на турнејата низ земјите од Западен Балкан, рече дека колку е подобар процесот на реформи, толку побрзо ќе дојде можноста за пристапување на државата во ЕУ.

  • Постои прозорец на можности што сега е отворен. Процесот не е толку строг и се заснова на заслуги и никој не мора да чека одреден датум, изјави Фон дер Лајен, додавајќи дека ЕУ сака да и се приклучат земјите од Западниот Балкан, но дека за тој процес е потребно да се подготват и Унијата и кандидатите за членство.

Според неа, добро е што во ЕУ веќе е започната дискусијата за тоа што треба таа да направи за да биде подготвена за прием на нови членки.

  • Ова не беше случај во текот на минатиот мандат. Нешто значително се промени во овој мандат и работите стануваат конкретни. И затоа е и мојата молба и охрабрување за движење напред во различните држави од Западен Балкан. Колку е подобар процесот на реформи толку побрзо ќе дојде можноста за пристапување и тоа е навистина важно. Ајде заедно да го искористиме овој момент, нагласи Фон дер Лајен.

Таа истакна дека земјава е на добар пат да се приклучи кон на ЕУ и дека со нетпрение очекува да ја пречека како полноправна членка.

Европскиот комесар за проширување и соседска политика Оливер Вархеји вчера во обраќањето на Годишната конференција на амбасадорите на ЕУ во Брисел порача дека Унијата на кандидатите за членство мора да им понуди кредибилен пристапен пат, кој ќе донесе резултати во реформскиот процес и ќе го намали економскиот јаз.

Според Вархеји, процесот на проширувањето стана стратешки одговор на Унијата за мир, стабилност и просперитет во услови на фрагментиран свет.

Австриската министерка Едштадлер ја повика ЕУ да одржи меѓувладини конференции со Македонија и со Албанија на почетокот на 2024 година

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Претседателот на Стоматолошкото друштво на Албанците осомничен за примање награда за да ѝ положи испит на уапсена во истрагата за ботоксите

Sasko Dimovski

Гостиварски „Комуналец“ ја префрла вината на ЈПДП за нереализираниот проект за водоводот – проблем биле 16.000 денари

Sasko Dimovski

Кривични за семејно насилство – еден син ја влечел мајка му со кола, а друг со тупаници и барал пари – обвинителството бара мерки за претпазливост

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе