Вести Македонија Најважни

ЕУ со најслаба годишна оценка за земјата – нема напредок во борбата со корупцијата и во правосудството

Македонија ги продолжува напорите за јакнење на демократијата, иако се соочува со значајни предизвици во областа на владеењето на правото. Со оваа реченица започнува најновиот Извештај за напредокот на Македонија од Европската Комисија, презентиран денеска во Брисел од страна на претседателката на комисијата, Урсула фон дер Лајен и еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеи.

Македонија најмногу забелешки доби во делот на правосудствотот, но не помалку забелешки има во делот на Собрането, особено за политичката поларизираноста, при што се наведува дека тоа ја нарушува неговата работа. Поларизираноста, смета комисијата, се продлабочува и со одлагање на усвојување на многу реформски закони, а Комисијата во Извештајот бара и конструктивна дебата од страна на политичките партии. Се бара и поголем консензус меѓу главните политички партиите за пристапните преговори на земјата. Вархеи презентирајќи го денска Извештајот пред Комитетот за надворшена политика во европскиот парламент упати и директка порака до политичките партии во земјава.

  • Во Северна Македонија властите продолжија да ја демонстрираат јавно нивната напредната посветеност на патот кон ЕУ. Почнат е процесот на преговори, но мора да се стигне темпото за ЕУ реформите. Некои измени во Кривичниот Законик кои влијаат на голем број случаи со висока корупција предизвикаа загриженост, зајакнувањето на довербата во судскиот систем и справување со корупцијата вклучувајќи и солидни постигнувања во истрагите, обвинителството и финални обвиненија против корупцијата се од клучно значење. Парламентот и владата да се посветат да ги усвојат и постигнат потребните уставни измени, се надеваме дека сите партии ќе ги изгласаат за да продолжат напред. Но, ова е суверена одлука на Северна Македонија и суверена посветеност, која понатаму ќе ги зајакне фундаменталните права, порача Вархеи. 

Комисијата којзнае по кој пат во своите Извештаи за Македонија ја споменува злоупотребата на европското знаменце за носење на закони, при што апоменува дека тоа се прави без консултации и планирање на календарот за законодавството. На Собранието дополнително му забележува и за закочениот процес „Жан Моне”, а се констатира дека тоа треба да го зајакне својот капацитет и  во делот на контрола на безбедносните служби.

  • Македонија, во најновиот Извештај за напредок, е умерено подготвена за реформа на јавната администрациија, со ограничен напредок во носењето на реформската стратегија, а доцни и носењето на клучните закони во оваа област. Комисијата забележува дека не се носат ниту закони поврзани со препораките на Антикорупцијска поврзани со непотизмот, со политичките влијанија при вработувањето во јавната администрација и при назначување на членови во надзорни и управни одбори.

Во делот на слободата на говорот Македонија има постинато нешто меѓу некакво и умерено ниво на подготвеност. Во делот од Извештајот посветен на граѓанскиот сектор, пак се наведува дека мора да биде повеќе вклучен во клучните области и да игра клучна улога во реформките процеси и носењето на одлуки.

Во економските критериуми главната констатација е дека Македонија има направено некаков напредок и е на добро ниво подготовка на развојот на функционална пазарна Економија. Земјата има направено прогрес и е умерено подготвена да се носи со притисокот на конкуренцијата и пазарните сили во рамки на Европската унија.

Освен за Макеоднија денеска во Брисле беа презентирани и Извештаите за другите земји од Западниот Балкан, но и за Украина која доби безусловна преппорака за старт на преговори, Молдавија условена препорака и Грузија кандидатски статус. Од регионот новина е што условена препрака за старт на преговори доби и босна и Херцеговина. Претседателката на комисијата, Фон дер Лајен, презентирајќи ги Извештаите рече дека проширувањето е витална политика на ЕУ и оти комплетирањето на Унијата е историски повик.

  • Она што го гледаме е дека моментумот е веќе тука. Ѕверската војна која Русија ја води против Украина, секако дека создаде огромен притисок за напред, затоа што нашето соседство мора да избере, каде сакаат да одат. Западен Балкан, Грузија, Молдавија и Украина многу јасно избраа – сакаат да и се придружат на ЕУ. Ова им даде моментум и импут на овие земји кој е неверојатен, ако го видите извештајот и реформите кои се исполнети ќе ја видите одлучноста и цврстината која е зад политичката волја и волјата на населението и луѓето да се движат кон ЕУ, порача фон дер Лајен. 

За тоа дали Унијата е пподготвена за апсорпсија на нови членки со актуелните Договори врз кои се заснова, Врахеи со одговор дека проширувањето и реформата на Унијата се две одделни прашања.

  • Она што денеска е предложено треба да придонесе кон забрзувањето на процесот на проширување. Но, како што кажа претседателката, ова е процес заснован на услуги, затоа имаме работи кои не можеме да ги направиме за земјите кандидати за членство, туку нивната работа се смета, нивната работа е базата за секое проширување. За институционалните реформи, да, тие се дискутираат во Советот, но ако има една порака која се појавува е дека – прво нема условување меѓу институционалните реформи и проширувањето, второ – ЕУ е подготвена за проширување со моменталните договори и со моменталните правила и треба да сме способни да се прошириме и им посакаме добредојде на нови членки дури и врз база на сегашните договори. Да, секогаш има прашања како да се подобриме, како да се одвива понатаму, но тоа не е поврзано со проширувањето, туку бидејќи сакаме да ја подобриме ЕУ. Ова се две одвоени дискусии и треба да се одвиваат одвоено, порача Вархеи.

Во Брисел денеска најголем интерс разбирливо предизвика препораката за старт на преговорите за Украина за што на прашањето како земја која е во војна може да почне преговори за членство, Фон дер Лајен со одговор дека Украина освне што има направила голем напредок, стартот на преговорите ќе значи и нејзина поддршка против руската агресија. Сепак, како што рече Фон дер Лајен, последниот збор за тоа ќе го има Европскиот совет во декември.

 

Од Брисел се јавува Тамара Грнчароска

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Алмир Даути е нов в.д. директор на гостиварски „Комуналец“

Sonja Petrusevska

Претседателот на Стоматолошкото друштво на Албанците осомничен за примање награда за да ѝ положи испит на уапсена во истрагата за ботоксите

Sasko Dimovski

Гостиварски „Комуналец“ ја префрла вината на ЈПДП за нереализираниот проект за водоводот – проблем биле 16.000 денари

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе