Вести Македонија

Картата од Сопот – националистичка за ВМРО ДПМНЕ, нерелевантна за СДСМ

 

Картата на голема Албанија од Сопот ја вклучи темата: национализам во предизборниот амбиент. Ја промовираше Али Ахмети како дел од Меморијалниот комплекс, а ја коментираа двете најголеми партии во државата. Коалицискиот партнер СДСМ ја смета за нерелевантна и 145 години задоцнета. Лидерот Ковачевски потсетува дека секоја држава на Балканот може да има слични карти, но по нашето влегување во НАТО, мапите што треба да бидат важни се поинакви.

-Она што денес го имаме како општество воопшто не ги прави релевантни таквите мапи. По 2001, по влегувањето во НАТО, ние во нашата држава имаме други мапи коишто се релевантни. Тоа е мапата на државите членки на НАТО. Со почнувањето на преговорите со ЕУ мапата што ние ќе ја имаме, а се надевам и другите земји од Балканот е мапата  на обединета Европа. Тоа е единственото нешто што може да го обединува целиот Балкан. `Се друго е 145 години задоцнето, изјави петседателот на Владата Димитар ковачевски.

За ВМРО ДПМНЕ, ова се етно-националистички и шовинистички пораки што треба јасно да се осудат. Нивната цел е одвлекување на вниманието од криминалот на ДУИ  и реални проблеми како што е иселувањето.

-Во периодот што следи – во отсуство на проекти, во отсуство на работа, ДУИ и Али Ахмети и другите  првенци на таа партија, за да го заштитат криминалот што го прават и злоделата кон македонскиот, албанскиот, турскиот, бошњачкиот, српскиот, влашкиот ромскиот народ – и егзодусот што се случува, ќе се обидат да дефокусираат со вакви националистички и шовинистички пораки, вели претседателот на вмро дпмне христијан мицкоски.

Викендов, претседателот на ДУИ Али Ахмети отвори Меморијален комплекс во кумановското село Сопот. Се поклони пред 64-те жртви од 44-та, но уште поголемо признание им оддаде на учесниците во УЧК. На социјалните мрежи Ахмети објави уште еден сегмент од музејот, што според Ковачевски, е на приватен имот – плоча со карта на голема Албанија, која вклучува главни градови на  три сегашни држави: Приштина, Тирана и Скопје. Некои медиуми го цитираа и објаснувањето на Ахмети: некогашниот командант на ОНА говорел дека првичната идеја била Албанија без граници, но откако политиките се промениле, одлучено е Албанците да бидат господари во оваа земја.

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе