Вести Наука и здравје Свет Топ вести

Италија му даде државјанство на тешко болното бебе Инди кое Британија не го лекува поради проценките дека нема да преживее

8-месечната Инди Грегори добива нова надеж за својот живот, откако италијанската влада на посебна седница изгласа одлука да и се додели државјанство за да може да биде пренесена од Велика Британија во Италија каде ќе биде лекувана.

Ситуацијата на тешко болното бебе е најновиот случај во британија каде докторите се судрија со родителите околу лекувањето на смртно болните деца, и со судските пресуди со кои докторите имаат право да  го повлечат инвазивниот третман кој го одржува животот.

Семејството на детето се надева дека одлуката на италијанската влада ќе додаде голема тежина во нивната борба да и дозволи да биде префрлена во Италија. Приватно онлајн рочиште е закажано за вторник, на кое британски судија треба да ги разгледа прашањата поврзани со грижата за бебето.

Судијата минатата недела одлучи дека бебето не може да се пресели во Италија, но бебето вчера доби италијанско државјанство откако педијатриската болница во Ватикан, Бамбино Гесу, во Рим понуди да се грижи за Инди Грегори, а италијанската влада рече дека ќе плати за секој третман „што се смета за неопходен“ во Италија.

Италијанскиот кабинет, повикувајќи се на „истакнати хуманитарни вредности“, накратко се состана во понеделникот со единствена цел на детето да му даде државјанство.

„Велат дека нема многу надеж за малата Инди, но до самиот крај ќе направам се што можам за да го одбранам нејзиниот живот“, рече премиерот Џорџија Мелони во објава на Фејсбук. „И да го брани правото на нејзината мама и тато да направат се што можат за неа“.

Според британскиот закон, примарно прашање во вакви случаи е дали предложениот третман е во најдобар интерес на детето. Судиите постојано ги поддржуваа одлуките на лекарите да го прекинат одржувањето на живот, дури и кога тоа е во спротивност со желбите на родителите.

Инди има ретко метаболичко нарушување познато како митохондријална болест, што значи дека нејзините клетки не се во можност да произведат доволно енергија за да функционираат правилно. Смртоносната болест предизвика прогресивно оштетување на мозокот, оставајќи ја целосно зависна од одржување во живот, според доказите презентирани пред Високиот суд во Лондон.

Судијата ја образложи својата одлука за забрана да замине на лекување во Италија, со тоа што според докторите, бебето чувствува голема болка како резултат на нејзиниот третман.

Додека писмото од болницата во Ватикан даде малку детали за предложениот третман за Инди, судијата смета дека најверојатно ќе се бара дополнително инвазивен третман и дека нема докази дека експерименталните третмани ќе го подобрат нејзиниот квалитет на живот. Покрај тоа, можно е трансферот на Инди во Рим да ја зголеми нејзината „неволја и страдање“, изјави судијата.

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 05.05.2024

Дејан Дејан

Им дал 25.000 евра, но наместо торба полна со денари, му дале торба со ливчиња – скопјанец наседнал на измама од двајца странски државјани

Дејан Дејан

(Видео) Повредени 155 полицајци, уапсени 74 навивачи – хаос во Берлин на меч од четврта фудбалска лига

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе