Вести Македонија Најважни

Лога до албанската опозиција: Сами да си одат на „свадба“

Во скратена постапка пропадна, но во редовна не би требало. Барем така тврди министерот за правда кој не се откажува од законот за амнестија и очекува да биде прифатен од втор обид. На вечерашниот брифинг со новинарите кажа дека е подготвен да го прифати амандманот на СДСМ, но и повеќе амандмани, вклучително и од опозицијата, само законот да биде донесен. Негира дека има личен мотив за амнестијата и тврди дека, единствен аргумент му се лошите услови во затворите, корупцијата и тортурата на која се изложени затворениците со полесни дела.

Упати бројни критики за однесувањето на функционерите низ изминатите години, но и сега, за кои вели дека воопшто не се заинтересирани за тоа што се случува по затворите. Имал и лични сознанија дека таму се плаќа за привилегии, но и за обично одење во тоалет.

Ги нападна екс-функционерите дека ги користат сите можни средства да си го олеснат престојот во затворите, како и дека повеќе време поминуваат по болници, отколку во затвор, нарекувајќи ја Гордана Јанкуловска „најголем маж во ВМРО-ДПМНЕ“.

Смета дека денешното неизгласување на законот е одмазда од коалиционите партнери во власта затоа што пратениците од Алијанса за Албанците не гласаа за измените во Кривичниот законик, но тврди дека ова не значи ништо за нивните понатамошни односи.

Од Алијанса ја одбиваат понудата од помалите опозициски партии, заедно да настапат на следните избори, велејќи дека имаат многу лошо искуство со сите три партии, кои сакаат да добијат некој глас плус на нивна сметка, а уште утредента ќе се приклучат кон мнозинството. Им порачаа „да одат сами на свадба, а не да се надеваат на соседите“.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Бугарија ја зајакна безбедноста во воздушниот простор и околу воената база во Безмер, по новото предупредување од Иран

Sonja Petrusevska

Дел од екипажот со вртоглавица и гадење, бил пријавен необичен мирис – авион на „Американ Ерлајнс“ принудно слета во Даблин

Sonja Petrusevska

(Видео) Стоиљковиќ: „КУД Српски вез“ осамна со натписи УЧК, државата сторителот најстрого да го снакционира

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе