Европа не смее да си дозволи нова големи кризи на нејзино тло, поради тоа Европската унија мора да бида зајакната, а тоа ќе се случи со нејзиното истовремено реформирање и проширување. Ова е клучната порака која денеска ја испрати германската министерка за надворшени работи, Аналена Бербок, од конференцијата во Берлин посветена на реформа на Европската унија.
„Но проширената ЕУ ќе биде посилна само доколку ние го направиме тоа што се воздржуваме да го направиме долго време, а тоа е дека мора да го разгледаме и да реобмислиме начинот на кој Европската унија функционира. Ако бројот на членки се зголеми на речиси 30 нашат заедница мора да има посилна структура, од дното до врвот“, рече Аналена Бербок, министерка за надворешни работи на Германија.
Бербок од говорницата ги земјите кандидати ги потсети на основите на кои е изградена Унијата и без кои таа не би била тоа што е – владеење на правото и демократија и им порача да ги завршат реформите дома, а на земјите-членки им порача да се најдат начини како земјите-кандидатите да се интегрираат во ЕУ чекор по чекор.
„Зошто да не ги поканиме оние земји кои ги завршија индивидуалните поглавја во пристапниот процедура да присуствуваат на состаноците на Советот како набљудувачи. Ќе бидат таму кога ќе решаваме за нашата заедничка идина, а не да ги каниме еднаш годишно да им го презентираме Извештајот за напредок на Комисијата. Ако не сакаме нашите соседи ва влезат во сивата зона тогаш треба да ги донесеме на нашата маса, сега“, е ставот на Бербок.
Германската државна министерка за Европа, Ана Лирман, пак многу директно од конференцијата порача дека е јасно оти мора сега да почне со дебатата за реформа на Унијата, односно, како што рече, да се реновира куќата ако се сака да се поканат нови состанари во неа.
„Исто така треба да разговараме и за начините како да ги намалиме случаите кога националните вета не блокираат како ЕУ, бидејќи очигледно со повеќе членки ќе има повеќе можности за такви блокади и сметам дека треба да направиме нешто за тоа“, рече Ана Лирман, државна министерка за Европа на Германија.
На конференцијата заедно со други 17 министри за надворешни работи учествуваше и шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи, кој рече дека реформата на ЕУ и проширувањето не треба да се гледаат како едната да ја исклучува другата туку како комплементарни.
„Заклучивме дека изворот на фрустрациите на нас кандидатите и на земјите-членки е фокусирањето само на формалното членство, што за Западниот Балкан особено значи да се има правото на вето во ЕУ. Затоа ние го промовиравме концептот на повеќе интеграција пред членство како начин за дефокус на нашите намери од полноправно членство во самиот процес“, изјави Османи.
Тој ги потести присутните дека 20 години по Солунската агенда, потребно е да се смени сегашниот бинарен пристап на сѐ или ништо, каде една земја се додека не е членка на Унијата не е вклучена во политиките или институциите на ЕУ или нема пристап до фондовите на ЕУ.
Тамара Грнчароска
