Вести Македонија Топ вести

Фото: Егзекуторот го чекал Штекли во кладилницата до подвижните скали на кои ги застрела двете жртви во Ист Гејт Мол

(ФОТО извор: Фокус)

Се уште непознатиот напаѓач кој ги застрела Раде Трајковски Штекли и неговиот 23-годишен придружник, своите жртви ги чекал во спортска кладилница на првиот подземен кат во Ист Гејт мол.

Во заседата според првичните претпоставки сигурно е вклучено уште најмалку едно лице кое било на вториот кат во трговскиот центар каде се наоѓа фитнес центарот. Таму редовно вежбале Штекли и неговиот пријател, двајцата застрелани во вчерашниот напад во Ист Гејт Мол.

По излегувањето од фитнес центарот, вториот учесник во заседата, набљудувачот го известил егзекуторот кој бил три нивоа подолу во центарот дека таргетот тргнал кон планираното место на заседа.

Егзекуторот до тогаш бил во кладилницата, а Фокус објави и фотографии како седи на столче во познатиот аутфит со бел дуксер, црн качкет и со оружјето во широкиот џеб на предната страна на дуксерот.

По дојавата излегол од кладилницата,  а кога Трајковски и неговиот пријател стигнале на нивото -1 и почнале да се спуштаат кон гаражата со подвижните скали им пришол и од зад грб ги застрелал додека жртвите не можеле да се сокријат или да избегаат од ескалаторот.

Ги застрелал и двајцата по што егзекуторот бега. Раде Трајковски е ранет полесно и е на болничко лекување, а неговиот пријател е потешко повреден и со сериозни повреди чека втора операција на Клинички центар.

Нападот се случи вчера околу 15 часот, а министерот за внатрешни работи потврди дека станува збор за пресметка на кланови, негира дека полицијата нема грешка, а безбедноста е стабилна иако за два месеци ова е втор напад врз Штекли во истиот трговски центар.

-Точно се знае и беграундот на лицето во коешто е пукано и конфликтите што ги имате, практично тие се групи криминални, кои се разбиени во најголемиот дел и за кои јас и информирав пред некое време, во многу оперативни акции што сме ги презеле, секојдневно. Самите сте сведоци дека во последниот месец имаме приведено тројца, како дел од групите коишто беа во така наречената оперативна акција „Планина“ итн, говори за еден висок степен на ангажираност и за конфронтација помеѓу тие криминални групи, кои што 30 години некој ги создавал,“ кажа Спасовски.

Слободното движење и безбедноста на секој што работи и нè посетува, за нас се најважни и за ова да го оствариме, постојано ги превземаме сите мерки што ги имаме на располагање, велат од East Gate Mall кои соопштија дека соработуваат со иатражните органи за вчерашниот инцидент.

– Целосно ја разбираме загриженоста на вработените и на посетителите и жалиме за непријатната ситуација во која што дел од нив се најдоа. Нашиот мол работи според највисоките стандарди и при секојдневното функционирање се почитуваат сите прописи за безбедност. За сигурноста на сите лица ги применуваме сите мерки што според законите ги имаме на располагање. На овој план имаме редовна соработка со надлежните органи. Овие принципи на работа ќе продолжиме да ги применуваме и ќе вложиме максимални напори истите во иднина да бидат уште подобри и поефикасни – истакнуваат од East Gate Mall.

Миомир Серафиновиќ

Тешко ранетиот утре на нова операција – МВР потврди дека кланови војуваат, но вели моловите се безбедни, пукачот се уште во бегство

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се урна хеликоптерот на иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Мицкоски: По прегласувањето во ИЕ 5 очекуваме обезбедување двотретинско мнозинство

Дејан Дејан

Исчезна хеликоптерот со кој летал иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе