Спорт Фудбал

Почина легендарниот англиски фудбалер Сер Боби Чарлтон

Легендата на Манчестер јунајтед и англиската фудбалска репрезентација Сер Боби Чарлтон почина утринава на 86-годишна возраст, објави неговото семејство.

Чарлтон важеше за еден од најдобрите, ако не и најдобар англиски фудбалер на сите времиња. Постојано беше на натпреварите на неговиот сакан Манчестер јунајтед, но изминатите години се бореше со деменција.

Тој за „црвените ѓаволи“ настапи на 758 натпревари во вкупно 17 сезони и постигна 249 голови. Со Јунајтед освои три титули шампион на Англија, еден ФА Куп и еден трофеј во Купот на шампионите во 1968 година.

Со англиската репрезентација го освои Светското првенство на домашно тло во 1966 година, а на 106 настапи запиша 49 голови. Долго време беше најдобар стрелец во историјата на „Гордиот албион“ пред Вејн Руни да го сруши неговиот рекорд во 2015 година.

Јужната трибина на стадионот „Олд Трафорд“ го носи неговото име, а има и своја статуа пред стадионот на Манчестер јунајтед, каде покрај него овековечени се и Џорџ Бест и Денис Ло.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Беше на украинскиот фронт од првиот ден на војната – загина двократниот европски првак во кревање товар

Дејан Дејан

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европското првенство во Задар

Дејан Дејан

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европскиот Шампионат во Хрватска

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе