Спорт Фудбал

Милевски: Ерменија е шанса за дел од фудбалерите да го потврдат потенцијалот

Македонската фудбалска репрезентација утре ја пречекува Ерменија во Струмица на пријателски натпревар. По поразот од Украина во Прага од 2-0, нашите фудбалери ги загубија сите шанси за пласман на Европското првенство 2024.

Овој натпревар за националниот тим ќе биде добра шанса за селекторот Благоја Милевски да ги испроба сите играчи кои ги повика за овој октомвриски циклус.

„За натпреварот против Ерменија ќе им дадеме шанса на фудбалерите во составот кои треба да го потврдат потенцијалот во репрезентацијата. После исцрпувачкиот меч во Прага ќе видиме колку фудбалерите чувствуваат физички замор. Нема повредени и пред натпреварот ќе одлучиме кој ќе започне. Контролниот меч против Ерменија која е квалитетна селекција и одигра одлични квалификации е одлична можност за сите нас да го провериме потенцијалот со кој располагаме. Шанса ќе добијат сите, но ќе одлучиме за минутажата на фудбалерите. Оваа селекција секогаш оди на победа, така ќе биде и утре против Ерменија“, изјави Милевски.

Елиф Елмас како еден од лидерите на оваа репрезентација, смета дека секој натпревар е важен кога се игра за националниот тим. Овој дуел со Ерменија ќе послужи за добра подготовка за дуелите со Италија и Англија во ноември.

„Играме еден натпревар со добар противник каков што е Ерменија, секогаш кога играме за репрезентацијата одиме на победа. Како и претхдоно, ќе излеземе сите заедно, сплотени, ќе одиграме добар натпревар и се надевам дека ќе победиме. Против Украина во квалификациите загубивме меч со добра игра, но кога играш за репрезентација секој натпревар е важен, па така и утрешниот за нас е важен. Ќе влеземе максимално ангажирано и овој меч може да биде добра подготовка за дуелите со Италија и Англија во ноември“, рече нашиот најдобар фудбалер Елмас.

Фото: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европскиот Шампионат во Хрватска

Дејан Дејан

Серџо Консеисао е главен фаворит да биде нов тренер на Милан

Дејан Дејан

Озимен во Челси, Лукаку во Наполи

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе