Вести Македонија

Опозициските партии инсистираат на лидерска средба

БЕСА, Алтернатива и Демократско движење бараат спојување на редовните  претседателски со предвремени парламентарните избори. Терминот треба да се договори на лидерска средба, смета Здружената опозиција на Албанците и барањето го адресира до Владата.

-Имајќи ја предвид економската ситуација во државата и трошоците за организирање на изборите, инсистираме да имаме еден термин за претседателски и парламентарни избори. Редовниот термин е многу близу и не треба да се прават дополнителни трошоци за да парламентарните избори бидат три месеци покасно, изјави претседателот на БЕСА Билал Касами.

ВМРО ДПМНЕ и Мицкоски се подготвени да појдат на лидерска средба кај спикерот Талат Џафери во било кое време. Очекуваат и другите политичари да покажат зрелост.

-Јас сум подготвен да појдам. Да ги аргументираме позициите, да ги фиксираме  датумите затоа што ни претстојат претседателски избори, парламентарни избори, техничка Влада, а треба и едните и другите да се распишат… Можеме да дојдеме во еден тесен рок и не би сакал тој рок дополнително да создаде тензија и дополнителна политичка и уставна криза, рече претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски..

Премиерот Димитар Ковачевски не гледа потреба од лидерска средба. Смета дека Уставот и законите јасно ги пропишуваат роковите за редовни избори и дека не треба неколку лидери да се договараат како да ги заобиколат институциите. Талат Џафери деновиве порача дека е подготвен да свика лидерска средба, но само ако сите лидери потврдат присуство во термин не подоцна од Нова Година. Уставниот календар говори дека вториот круг од претседателските и редовните парламентарни избори може да се совпаднат само во периодот од 5-ти мај, кога е Велигден, до 8-ми мај. Секој термин порано, вели Џафери, би значел предвремени избори, поинаква динамика и други ризици. За да се избегнат верските празници и дополнителните трошоци, Џафери остава можност изборите да не бидат во недела туку во друг работен ден потоа.

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Повеќемина паднаа на тестови за дрога, добија откази – француската влада ги тестираше вработените во министерствата и високите државни службеници

Sasko Dimovski

Судскиот процес против Мадуро закажан за 1 јуни во 2027 година во Њујорк

Sasko Dimovski

Скопските општини ќе формираат комисии за пријавување на штети од невремето

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе