Спорт Тенис

Синер подобар од Медведев за титулата во Пекинг, Мареј и Вавринка елиминирани во Шангај

Јаник Синер го освои турнирот во Пекинг од серијата 500. Италијанецот во големото финале денеска го победи Данил Медведев со 7-6 и 7-6 за прва победа во седмиот меѓусебен дуел и трета титула во 2023 година.

На мастерс турнирот во Шангај денеска продолжи првата рунда. Душан Лајовиќ го победи Станислас Вавринка во два сета со 6-4 и 7-6. Миомир Кецмановиќ го предаде мечот против кинескиот тенисер Бу, кој го имаше своето деби во главната ждрепка на еден мастерс турнир.

Танаси Кокинакис со 6-2 и 6-4 го елиминираше Фабио Фоњини, а Роман Сафиулин со 6-3 и 6-2 го совлада Енди Мареј. Пласман во второто коло обезбедија и Јошихито Нишиока, Брендан Накашима, Мартон Фучович, Мекензи Мекдоналд и Јаник Ханфман.

На женскиот мастерс турнир во Пекинг, познати се првите четири тенисерки кои се пласираа во четвртфиналето. Ига Швјонтек како втора фаворитка беше убедлива против својата сонародничка од Полска Магда Линете со 6-1 и 6-1.
Јелена Остапенко ја победи четвртата фаворитка Џесика Пегула со 6-4 и 6-2, а во четвртфиналето ќе игра со Људмила Самсонова, која пак денеска со 6-4, 6-7 и 7-5 ја совлада Марта Костјук. Во четвртфиналето е и петтата носителка Елена Рибакина по триумфот над Мира Андреева и тоа со пресврт со 2-6, 6-4 и 6-1.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Беше на украинскиот фронт од првиот ден на војната – загина двократниот европски првак во кревање товар

Дејан Дејан

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европското првенство во Задар

Дејан Дејан

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европскиот Шампионат во Хрватска

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе