Спорт Фудбал

АМС: Ваучерот не се укинува, туку се менува на подобро

Агенцијата за млади и спорт денеска преку соопштение ја смирува спортската јавност и појаснува дека спортскиот ваучер не се укинува, туку се менува начинот на распределба на истиот. Изготвено е ново предлог законско решение кое наскоро ќе влезе во собраниска процедура.

Вчера Собранието го укина постоечкиот начин на распределба на спортскиот ваучер, односно донесе измени во Законот за данок на добивка, кој се однесва на даночното ослободување за националните спортски федерации, клубови и спортисти индивидуалци.

Тоа предизвика бура од реакции кај спортската јавност, бидејќи државната помош изнесува околу 10 милиони евра годишно. Од Агенцијата за млади и спорт смируваат, бидејќи спортскиот ваучер не се укинува целосно, туку се менува начинот на кој ќе биде распределуван.

Досегашниот начин оставаше простор за многу малверзации и во практика беше сериозно злоупотребуван од несовесни компании кои го реализираа ваучерот за федерациите, клубовите и спортистите. Државните пари не завршуваа целосно во спортот, на што неколку пати укажуваше и Државната комисија за спречување корупција.

Од АМС велат дека ваучерот како мерка ќе продолжи и во иднина. Новото предлог законско решение е веќе подготвено и наскоро ќе влезе во собраниска процедура. Со новиот начин, кој се уште не се открива пред јавноста, спортистите, клубовите и федерациите повеќе нема да имаат никаков проблем да го реализраат ваучерот, како што беше случај досега. Државата директно ќе го издава ваучерот, но засега не е јасно преку која институција, дали тоа ќе биде УЈП или некое министерство.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Серџо Консеисао е главен фаворит да биде нов тренер на Милан

Дејан Дејан

Озимен во Челси, Лукаку во Наполи

Дејан Дејан

Лопетеги ќе го наследи Дејвид Мојс на клупата на Вест Хем

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе