Вести Магазин Свет Топ вести

ВИДЕО: Apple го претстави новиот iPhone-15, титаниумска верзија, нова камера со 7 леќи, „европски“ приклучок

Apple ја претстави новата генерација iPhone-и, линијата на iPhone 15 ќе може да се пофали со подобри камери, побрзи процесори, нов систем за полнење, титаниумски состав и покачена цена  на најфенси моделот iPhone 15 Pro Max.

Презентацијата беше одржана во седиштето на Apple во Купертино, Калифорнија, во период  додека компанијата се обидува да го поништи благиот пад на продажбата на ајфони во три последователни квартали лани.

Главните разлики се во новиот начин на полнење на телефонот, многу поквалитетната камера и зголемена цена за 100 долари на најскапиот модел кој има камера со 7 леќи.

– iPhone 15 Pro има одлична 3X телефото камера со фокусна должина од 77 милиметри. Идеална за класичен портрет. За iPhone 15 pro max, ја користиме дополнителната големина на поголемиот iPhone за да претставиме нешто уникатно. Го има нашиот најдолг оптички зум досега. Пет X (пати) оптички зум со фокусна должина од 120 милиметри.”- беа соопштени перформансите на камерата, на презентацијата.

Во камерата има Photonic машина која прави слика која што е оптимизирана за снимање светлина и ја комбинира во слика со супер висока резолуција полна со богати детали.

-Резултатот е фотографија од 24 мегапиксели со неверојатен квалитет на сликата и двојно поголема резолуција, се пофалија од Apple и додадоа дека објективот во телефонот е во перископ стил за подобрување на квалитетот на фотографиите направени од далечни растојанија.

Една од најголемите промени што ги најави Apple е новиот начин за полнење на моделите на iPhone 15 како и идните генерации на телефонот. Компанијата се префрла на стандардот USB-C кој веќе нашироко се користи на многу технолошки уреди, вклучувајќи ги и нејзините Mac компјутери и многу модели од iPad-ите.

Промената за укинување на познатите Лајнинг кабли е поради мерките на регулаторите во ЕУ кои се задолжителни од наредната 2024-та година.

„Во Европа, го форсираат стандардот на USB-C. Така, Apple требаше да го стори тоа барем за Европејците. Но, одлуката беше, добро, ако сакате да го направите тоа за Европа, мора да го направите тоа и за остатокот од светот. Поголем дел од светот веќе се префрли на USB-C. Така, станува збор само за природна прогресија, изјави технолошкиот аналитичар Тим Бајарин.

За да ја зголеми цената на најскапиот модел, Apple додаде дополнителни додатоци на врвниот  iPhone 15 Pro Max  кој е направен од титаниум (вселенска технологија) и има 7 леќи за камерата. Цената му е зголемена за 100 долари или 9% поскапо  од последната верзија и сега чини 1.200 долари (околу 1.150 евра).

Останатите телефони се по иста цена на претходните модели во категоријата, основниот iPhone 15 се продава за 800 долари, iPhone 15 Plus за 900 долари и iPhone 15 Pro за 1.000 долари.

Презентирани се и новите верзии на Apple Watch, а цената почнува од 249 долари за основните модели, серијата 9 чини 399 долари, а најскапиот Apple Watch Ultra 2  чини 799 долари.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Стано: ЕУ очекува Приштина без одлагање да ја формира Заедницата на српски општини

Дејан Дејан

Штајнмаер: Западен Балкан не смее да остане „сива зона за руско деструктивно влијание“

Дејан Дејан

Приведени 58 луѓе во Турција – подготвувале провокации за 1. Мај

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе