Ракомет Спорт

Колстад фуриозно низ Битола: Еурофарм Пелистер прегазен на стартот на ЛШ

Ракометарите на Еурофарм Пелистер имаа неславно враќање во европската елита откако Колстад убедливо славеше во Битола со 22-31 во првото коло во Лигата на шампиони. Норвешкиот супер тим беше преголем залак за македонскиот првак, кој ќе мора да се подобрува ако сака позитивни резултати во најсилното ракометно натпреварување на Стариот континент.

Пелистер го постигна првиот гол на натпреварот, но потоа Колстад ја покажа својата моќ. Гостите имаа серија од 7-0 и го задржаа нашиот шампион на повеќе од десет минути без постигнат гол. Уште тогаш се виде кој е кој на овој натпревар, а на полувремето резултатот гласеше 10-16. Норвежаните не попуштија ниту во вториот дел и одиграа на високо ниво, па ја одржуваа предност од 6 до 9 голови разлика. Во ниту еден момент не дозволија, Пелистер да направи некаква серија за да го намали резултатот, кој на крајот изнесуваше 22-31.

Играч на натпреварот беше неверојатниот голман на Колстад, Торбјорн Бергеруд, кој имаше фантастични 21 одбрана. На нападот незадржливи беа Адриан Алберг со 9 голови и Сигвалди Бјорн Гудјунсон со осум. Во редовите на тимот од Битола, Богдан Радивојевиќ постигна шест, а Нејц Цехте четири и тоа од 12 обиди.Урбан Лесјак на голот имаше 9 интервенции.

Во следното 2.коло, Еурофарм Пелистер гостува во Данска кај Олборг на 20 септември.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Вардар повторно подобар од Алкалоид, остана во трката титулата

Дејан Дејан

Одбојкарите во Струмица ги стартуваа подготовките за Златната лига и евроквалификациите

Desk

Лунин останува во Реал Мадрид до 2028 година

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе