Кошарка Спорт

Летонија ја декласираше Литванија, Словенија подобра од Италија

Во пресрет на утрешниот последен ден на Светското првенство во кошарка кога ќе се одиграат финалето и натпреварот за бронзениот медал, денеска завршија и дуелите за пласман. Летонија на деби настапот на еден Мундијал заврши на 5.место, додека Словенија е седма во светот.

Летонија е најголемото изненадување на Светското првенство откако денеска ја декласираше Литванија со 98-63 во мечот за 5.место. Ова беше неверојатен настап за балтичката земја, бидејќи дебитираше на Мундијалите и воедно настапи без најдобриот кошаркар, НБА-ѕвездата Кристапс Порцингис. Артур Курукс со 20 поени беше најефикасен кај победничкиот тим, а нова историја испиша Артурс Жагарс, кој зад своето име запиша 17 асистенции за 26 минути игра што е нов рекорд на Светските првенства.

Словенија ја прекина низата од три порази на турнирот што се одржува во Јапонија, Индонезија и Филипини, па денеска ја победи Италија со 89-85 во натпреварот за 7.место. Лука Дончиќ очекувано беше лидер на својата репрезентација, но за малку не испиша историја. Тој постигна 29 поени, со 10 скока и 8 асистенции, му недостигаа уште две за да го постигне првиот трипл-дабл во историјата на Светските првенства. Марко Спису беше најдобар стрелец кај „аѕурите“ со 22 поени, а овој натпревар воедно беше и последен во кариерата на Луиџи Датоме, кој се повлекува од активното играње кошарка.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Вардар повторно подобар од Алкалоид, остана во трката титулата

Дејан Дејан

Одбојкарите во Струмица ги стартуваа подготовките за Златната лига и евроквалификациите

Desk

Лунин останува во Реал Мадрид до 2028 година

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе