Вести Наука и здравје Свет Топ вести

УНЕСКО предупредува на прекумерна употреба на најновите технологии во училиштата

УНЕСКО предупредува дека прекумерното потпирање на технологијата во образованието може да биде непродуктивно, па дури и штетно, доколку се меша во стекнувањето основни вештини, како што е читањето. Учениците треба да учат за технологијата во светот, но наставниците треба да внимаваат претерано да не користат „технолошки помагала“ во наставата, предупреди УНЕСКО во својот извештај.

Тие додаваат дека има малку цврсти докази за додадената вредност на дигиталната технологија во образованието.

Во извештајот, УНЕСКО силно предупредува на технологијата во стекнувањето на традиционални клучни вештини кои всушност би можеле да им помогнат на децата да избегнат некои од замките на современиот дигитален свет.

На пример, учениците со развиени вештини за читање се многу поотпорни на измами преку е-пошта, рече Мансо Антонис, главниот автор на извештајот на УНЕСКО. „Ако научите да читате добро, да читате со разбирање, тоа исто така ве прави подобро подготвени да се движите низ дигиталниот свет, а ние често го забораваме тоа“, додаде Антонис.

Технологијата во училницата „може да има штетно влијание ако е несоодветна или прекумерна“, се вели во извештајот.

Антонис посочи и дека 20 години по воведувањето на лаптопите во училиштата, јасно е дека таквите политики се успешни само доколку се комбинираат со солидна педагошка рамка.

Сепак, само „неколку земји беа доволно трпеливи и имаа доволно енергија да одат во таа насока“, посочи Антонис, предупредувајќи дека „не е доволно само да се дистрибуираат уреди“.

Во исто време, УНЕСКО забележа растечки тренд на забрана на паметни телефони во училниците. Секоја четврта земја веќе има донесено закони и прописи во оваа насока.

Присуството на телефони во училницата може да биде многу вознемирувачко, рече Антонис.

Забранувањето на паметните телефони во училиштата, дури и во либералните земји како Холандија, беше „интересно и изненадувачко откритие“ за истражувачите на УНЕСКО, додаде тој.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО/ВИДЕО: Превртен автомобил на Партизанска во Скопје

Дејан Дејан

Кој со кого ќе коалицира и кои се црвените линии на албанските партии за учество во новата влада

Дејан Дејан

Ковачевски: Разговараме со партии на повеќе нивоа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе