Магазин Македонија

(Видео) Спасена заглавена мечка на Шар Планина

Од Националниот парк Шар Планина денеска соопштија дека стручни лица од Зоолошката градина успеале да ослободат мажјак мечка кој над 10 часа бил заглавен во сајла на бачило во Бозовце. На видеото се гледа како стручниот тим со возило доаѓа до заробениот мечок и ја подгодува со прокетил за успивање за да може да му помогне.

Животното прво се обидува да скокне кон автомобилот и луѓето, вознемирено од тоа што е погодено. Но, потоа е успиено и ослободено од сајлата. Ветеринарите го проверија и стапалото на мечокот, но тоа за среќа не беше повредено. Откако се разбуди животното замина кон шумските предели на Шара. Спасувачката операција траела три часа, а ветеринарите му дале и име на мечокот Бозо, по блиското село Бозовце.

Од Националниот парк соопштија дека „по дојава на локален жител од село Бозовце дека во неговото бачило е заглавена мечка, Ј.У.Н.П. Шар Планина заедно со стручни лица од Јавната Установа Зоолошка градина на град Скопје организираа акција за ослободување на животното.“

„Мечките се строго заштитени жители на Шар Планина, а локалното население од планинските села живее во соживот со природата. Упатуваме благодарност до сопственикот на бачилото кој го пријави настанот за да се ослободи мечката. Благодарност и до полициските службеници за напорите да го обезбедат теренот, како и до сите други надлежни институции со кои се координираше акцијата“, соопштија од Националниот парк.

Фотографијата е преземена од видеото на НП Шар Планина

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Стопанска комори: Комисијата донесе непазарна и еднострана одлука

Дејан Дејан

Македонија со скок од 19 места во однос на слободата на медиумите, медиумските работници со потпросечни плати и изложени на закани и напади

Дејан Дејан

Осигурителните компании разочарани од одлуката да се врати старата цена на полисите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе