Вести Свет Топ вести

„Титан“ остана без воздух? – Мина и последниот проценет час за залихите на кислород во исчезнатата подморница

Кислород би можело да снема денеска во 13:08 часот, е проценката на американската крајбрежна стража за исчезнатата подморница „Титан“. „Би-Би-Си“ пренесува дека капетанот, кој ја водеше потрагата, изјави дека не знае каде би можел да се наоѓа пловниот објект.

Иако пресметките сугерираат дека 96-часовните залихи на кислород се потрошени, стручњаците, сепак, нагласуваат дека тоа е непрецизна проценка која би можела да трае повеќе часови, доколку патниците презеле мерки за рационално трошење на воздух.

Подморницата „Титан“ исчезна во неделата наутро и засега не се знае дали петте патници во неа се живи.

Во потрагата по „Титан“ е вклучена и роботизираната подморница „Џулиет“ која беше качена на товарен авион на британскиот остров Џерси во Ламанш. За неа ќе бидат потребни 48 часа да стигне до местото, што претставува значително подолго од времето за кое петчлениот екипаж ќе има кислород.

Франција, пак, на барање на американска морнарица, ја испрати подморницата „Виктор 6000“ за помош во потрагата по исчезнатата „Титан“. „Виктор 6000“, која е окарактеризирана како последна надеж за спас на исчезнатата подморница, може да оди во длабочина од 6.000 метри и би можел да го извлече „Титан“, ако е заглавен на океанското дно.

Доктор Кен Ледез, стручњак за хипербарична медицина на Универзитетот Меморијал во Сент Џонс, во Њуфаундленд, говори за факторите кои се во игра за патниците во исчезнатата подморница. Тој рече дека преживување, по снемување на кислород, зависи од метаболизмот на секој човек и некои можеби ќе преживеат подолго од други.

„Тоа не е како гаснење на светло, повеќе е како искачување во планина. Ќе направат се што можат, за да ја намалат потрошувачката на кислород, ќе одмораат, ќе се обидат да бидат што поопуштени и посмирени“, изјави Ледез за „Би-Би-Си“.

Тој додава дека „хипотермијата би можела да биде сојузник на патниците“.

„Постои можност ако доволно се изладат и загубат свест, би можеле да преживеат. Отчукувањата на срцата може да бидат многу бавни кога е ладно“, рече Ледез.

Денеска е петти ден од драматичната потрага по подморницата „Титан“ која нисчезна во Атлантикот, додека се спушташе до трупот на „Титаник“ кој се наоѓа на длабочина од 3.800 метри. Американската крајбрежна стража процени дека во подморницата има залихи на кислород за 96 часа.

„Титан“ тргна на пат кон „Титаник“ со пет лица – британскиот милијардер Хамиш Хардинг, најбогатиот Пакистанец Шахзад Давуд, неговиот 19-годишен син Сулејман, светскиот познатиот истражувач, Пол Анри Нарголе и Стоктон Раш, извршен директор на „ОушнГејт“, во чија сопственост е подморницата.

Први подводни звуци слушнати во потрагата по подморницата – детектирани од канадски авион

„Титан“ има кислород до четврток напладне – спасувачките екипи во трка со времето во потрага по исчезнатата подморница

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Екстрадиција на Палевски: Кои се процедурите за испорачување на бегалци

Дејан Дејан

Истражувањето покажа: Американците не им веруваат на медиумите и новинаритe

Дејан Дејан

И Пендаровски и Силјановска Давкова ќе ги прифатат уставните измени доколку бидат изгласани во Собранието

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе