Вести Свет Топ вести

Први подводни звуци слушнати во потрагата по подморницата – детектирани од канадски авион

Кратко по полноќ, по локално време, на канадскиот остров Њуфаундленд се појавиле првите извештаи кои упатуваат на потенцијални знаци на надеж во потрагата по подморницата „Титан“ за обиколка на остатоците на бродот „Титаник“, која со петчлен екипаж пред три дена исчезна во водите на северниот Атлантик.

„П8 (поморското летало) регистрираше звуци на удирање во областа на секои 30 минути. Четири часа подоцна беше распореден дополнителен сонар и сè уште се слушаше удирање“,

пренесува Би-би-си.

Во меѓувреме и американската телевизија Си-Ен-Ен јави за детектираните подводни звуци.

„Се слушнаа дополнителни акустични повратни информации кои ќе помогнат во векторирање на површинските средства и исто така укажуваат на надеж за преживеани“,

се вели извештајот на Си-ен-ен.

Еден час по пишувањето на медиумите американската крајбрежна стража утрово и официјално соопшти дека канадски авион открил подводни звуци во потрагата по подморницата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Доктор Трамп објави видео како ги лекува сите критичари

Kristina Kuzmanovski

Цените на нафтата на меѓународните пазари се спуштија под  71 долар за барел

Kristina Kuzmanovski

 „СОС“ Венецуела“ проектирано на статуата на „Христос спасителот“ во Рио

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе