Вести Македонија

Од утре се враќаат на работа – приватните превозници потпишаа договор со ЈСП

Приватните превозници од утре, 24-ти Мај се враќаат на работа и ќе се вклучат во јавниот превоз, откако потпишаа договор со новиот директор на ЈСП, Крсте Петковски.

Вкупно, 105 модерни приватни автобуси кои ги исполнуваат еколошките стандарди, согласно јавниот повик, ќе сообраќаат на скопските улици.

Тие ќе ги опслужуваат линиите: 23, 45, 61, 63, 73, 9, 11, 11A, 12, 47A, 55, 19, 20, 22, 52 и 54.

„ Со новиот начин на работа и стандардизацијата во јавниот превоз, граѓаните ќе добиваат квалитетна и навремена услуга, а буџетите на Град Скопје и ЈСП Скопје ќе бидат заштитени од злоупотребите и самоволието кое во минатото било пракса“ – соопшти ЈСП.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Георгиев: СДСМ треба да се остави да го изоди својот пат

Дејан Дејан

Тодоров: СДСМ за цело време на мандатот губеше политички поени заради ДУИ

Дејан Дејан

Зеленски го потпиша законот за продолжување на вонредната состојба и општа мобилизација

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе