Вести Економија Македонија Топ вести

Откако 1.060 функционери добија покачување на платите од 78%, Бесими вели не е најповолно време за зголемување на платите за работниците, бидејќи ќе се зголемел дефицитот во буџетот

За повисоки плати за 1.060 фунцкионери се најдоа пари во буџетот. За вработени во јавниот сектор,  Бесими предлага зголемувањето да биде од следната година. На денешниот брифинг тој  кажа дека досегашната плата му била 71. 145 денари, а за април  му се исплатени 125.960 денари.

Примањата на Бесими пораснале за нешто над 50 илјади денари. Приближно  колку што му е потребно на едно  семејство за да ги покрие  основните трошоци во месецот.  Кај некој функционери зголемувањето е и поголемо. Но, Бесими  тврди – сега не е најповолно време за усогласување и зголемување и на платите  во јавниот сектор, поради инфлацијата.

  • Не сум многу омилен министер кај синдикатите, затоа што велам дека не може да се покачат платите во јавниот сектор ако нема зголемување на продуктивноста и ако не се зголемат платите во реалниот сектор. Сметам дека сега не е најповолно време бидејќи ќе има импликации на инфлацијата и ќе го зголеми дефицитот во Буџетот. Усогласувањето на платите на Економско-социјалниот совет ќе трае подолго, а методологијата за зголемување на плати може да се донесе побрзо, рече Фатмир Бесими- министер за финансии.

За синдикатите пак е неприфатливо зголемувањето да почне од идната година.

  • Ставот на синдикатото е многу јасен. Основниот коефициент за пресметување на платите да биде просечната плата, помножена со коефициентите исто како за фунцкионерите и истата да почне да се применува- исплаќа веднаш по потпишување на колективниот договор. Не е прифатлив предлогот исплатата да почне од идната година, ниту пак зголемувањето да биде во период од 5 години, вели Трпе Деановски – УПОЗ.

Освен министерот Бесими, и минисетрот Спасовски викендов  кажа  со покачувањето колку е неговата плата.

  • Мислам дека 153 илјади е платата, рече Оливер Спасовски- министер за внатрешни работи.

Со зголемувањето претседателот Пендаровски кажа дека има плата од 165 000 денари. Претходно вицепемеирот Груби се пожали дека неговата е најниска, а министерот за земјоделство, Николовски не знаеше колкаво зголемување добил, затоа што ги изгубил картичките во Брисел.

Неодамна Уставниот суд укина одредба од законот за плати за коефицинетите на плати со која се овозможи на јавно избраните фунцкионери да им се зголемат платите до 78 отсто. Според пресметките за зголемените функционерски плати, годишно се потребни над 15 милиони евра.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Герасимовски: Дебар Маало го прослави роденденот на најпознатиот центарец Горан Стефановски

Дејан Дејан

Ахмети: Куќа не се одржува со кредити, ние си обезбедуваме леб со работа, тие што така мислат го видоа резултатот на 24 април

Дејан Дејан

Битиќи: Резултатот е 0:0, сè уште нема победник и поразен, одлуката ќе падне на 8 мај

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе