Вести Македонија

Работната група за уставни измени го крои Деловникот за работа

Работната група за уставни измени нема рок за подготвување на текстот на иницијативата. Ќе работи интензивно, но прво мора да изготви Деловник за работа. Ваков став изнесе претседателката Маргарита Цаца – Николовска по првата работна седница. Дваесет и тројцата членови не успеале да ги усогласат сите детали за Методологијата и начинот на кој ќе функционираат, па задутре продолжуваат на истата тема. Кога ќе го утврдат Деловникот, ќе биде појасна динамиката на нивната работа, соочувањето на различните предлози и усогласувањето на партиските со експертските ставови. Но, приоритетно е значењето на оваа интервенција за европскиот напредок на земјата.

Иако Владата не и даде временска рамка на Работната група, очекува од неа брзи резултати. Вчера, вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ изрази уверување дека текстот на иницијативата ќе биде готов за неколку дена или за неколку недели. Амбициозниот план предвидува до крајот на месецот текстот да биде објавен,  а веднаш потоа да почне јавната расправа и да се испрати од Владата во Собранието.

Во Работната група членуваат 10 експерти по уставно право и поранешни судии во Уставниот суд, 10 партиски претставници и по еден од кабинетите на претседателот, МНР и Секретаријатот за европски прашања. ВМРО ДПМНЕ нема свој претставник и цврсто стои на ставот дека во овој парламентарен состав – нема да има уставни измени.

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Израелска армија: Уште една теренска болница во Газа

Дејан Дејан

Северна Кореја тврди дека оваа година ќе набави нов ракетен фрлач со повеќе цевки

Дејан Дејан

Трамп демантира дека ја предложил Ники Хејли за потпретседател на претстојните избори

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе