Вести Македонија Најважни

Средношколците бараат тестирање на педагозите и психолозите во училиштата, и други мерки за побрзи реформи во образованието

Реформи во образованието за побезбедени ученици – за ова сите се согласуваат, но процесот не е едноставен. Растргнати помеѓу брзите решенија и долгорочната стратегија, надлежните ќе мора да одлучат како да фатат чекор со новото време, но и мерките да бидат ефикасни – анализираат од Сојузот на средношколци. Оттаму подготвиле неколку предлози и истите ќе им ги предочат на образовните власти. Се предлага отворена телефонска линија и профили на социјалните мрежи, нов протокол, засилено полициско обезбедување на училиштата како и тестови за педагозите и психолозите.

Вчера, стручни лица – педагози, психолози, социолози, заедно со министерот за образование седнаа на состанок. Поразговараа како да се подобри безбедноста во училиште и како да се справиме со меѓуврсничкото насилство. Овој проблем постои и тоа е констатирано, но малку се зборува. Табуата постојат и стравот од стигматизација сѐ уште е силен.

И од Сојузот на средношколци, но и сите засегнати страни изразија оптимизам дека овие состаноци во МОН нема да бидат само исклучок и про-форма, по случувањата во соседна Србија. Министерот наредил да се отвори електронска адреса за пријавување насилство, а другите детали од првиот состанок ќе бидат откриени во следниот период.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нафтата се приближува до 100 долари за барел

Sasko Dimovski

(Видео) Гори саудиски танкер со нафта во Црвеното Море по напад на јеменските Хути

Sasko Dimovski

Повеќемина паднаа на тестови за дрога, добија откази – француската влада ги тестираше вработените во министерствата и високите државни службеници

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе