Вести Најважни Свет

Брнабиќ со жестоки критики за најавениот протест на опозицијата во Србија по двете масовни убиства

Српската премиерка упати жестоки критики кон опозицијата, која ја обвини дека двете трагедии кои се случија во земјата ги злоупотребува за партиски цели, откако тие најавија протест во понеделник поради ситуацијата во Србија. Според неа протестот и политизирањето на двете масовни убиства нема да придонесе за намалување на поларизацијата во земјата, инсистирајќи дека владејачката Српска напредна странка и претседателот Александар Вучиќ не можат да бидат обвинети за двете трагедии. Таа смета дека убиството на 8 ученици и училишниот чувар во Владислав Рибникар во Белград, и убиството на уште 8 други лица во неколку села кај Младеновац се последица на времето во кое живееме и социјалните мрежи. „Атмосферата кај нив во која слободата на говорот до таа мерка се злоупотребува и сфаќа, што промивирањето насилство на социјалните мрежи стана норма и стандард со кој нашите деца мораат да живеат, оцени таа во изјава за провладината телевизија Хепи.

Во меѓувреме, денеска беа погребани 4 од убиените ученици и школскиот чувар од основното училиште во Белград, како и 5 од загинатите во второто масовно убиство кај Младеновац. Пред училиштето Владислав Рибникар жителите на Белград сѐ уште положуваат цвеќе и палат свеќи за убиените деца.

Да ви кажам искрено, душата ме боли за нив. Постојано барам некоја причина, зошто баш тој, зошто нас ни се случи тоа. Но, тоа се случува, и тоа е факт. Колку повеќе информации дознавам, толку потешко ми е. Еве и сега се вознемирив од овие слики, изјави Весна Костиќ.

Три од повредените деца во училиштето во Белград се веќе пуштени на домашно лекување, едно дете и повредената наставничка коис ѐ уште се во болница, се во стабилна состојба, иако на наставничакта мора да ѝ биде извршена уште една операција на дланката. Во критична состојба сѐ уште е девојчето со тешка повреда на главата. Лекарите во белградскиот ургентен центар се задоволни и од опоравувањето на најтешко поврдениот ученик, чија состојба според нив покажува знаци на подобрување.

Две од најтешко повредените девојчиња во убиствата кај Младеновац исто така сѐ уште се во критична состојба. Една има повреди на абодменот и внатрешните органи, додека другата има повреди на главата и едното око.

Ширум земјата продолжуваат акциите за донирање крв за повредените.

Премалку сме за толку од нас да изгубиме. Не сме голема држава, не можеме себе да си дозволиме ниту 5 жртви, ниту една жртва, а особено не млади, изјави Бојан Стајиќ кој даруваше крв во Белград.

Двете трагедии во Србија во кои загинаа вкупно 17 жртви, а 21 лице беа ранети го потресе целиот регион. Многу од земјите од поранешна Југославија презедоа или најавија мерки за зголемување на безбедноста во и околу училиштата, како и мерки за навремено откривање и спречување на вакви насилни инциденти.

Игор Трајков

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нови битки за Преспа: СИРИЗА со осуда за изјавите на Мицкоски, но и со нотирање одговорност за Мицотакис

Дејан Дејан

Дали ќе се раскинува договорот со “Бехтел&Енка” за над милијарда евра вредните коридори?

Дејан Дејан

Милијардата ќе биде европска, но не унгарска, објаснува Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе