Вести Најважни Свет

Второ масовно убиство во Србија само ден по масакрот во училиштето во Белград, убиени уште 8 млади лица во близина на Младеновац

Само еден ден откако во основно училиште во Белград беа убиени 8 деца, во Србија се случи уште едно масовно убиство. Синоќа пред полноќ во селото Дубона кај Младеновац, 21 годишно момче уби осум млади лица, меѓу кои и 15 годишно дете, и повреди уште 14 луѓе.

Втор пат во последните 48 часа мораме да се обратиме, макар што секој збор кој би сакале да го изговориме е тежок, и во исто време излишна и недоволна, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ.

Вториот крвав поход во Србија започнал во селото Дубона, кога младиот човек со автоматската пушка од автомобил во движење застрелал полицаец кој не бил на должност и неговата помлада сестра, по што продолжил со неселективната стрелба уште во две соседни села.

Влеговме во куќата да се јавиме, и додека разговаравме на телефон, слушнавме еден рафал, па втор рафал, па трет рафал, изјави жителот на селото Слободан Николиќ.

Обидувајќи се да побегне тој го оставил автомобилот и влегол во такси возило заканувајќи му се на возачот со рачна граната да го однесе во селото Вињиште, каде се засолнил кај дедо му кој живеел таму. Токму таму утрово беше уапсен по целоноќна потрага во која беа вклучени 600 полицајци и припадници на специјалните полициски сили.

Велат дека ги убил без причина. Велат дека дошло до некаква расправија овде во центарот на селото, па тој се вратил дома, го земал оружјето и дошил да ги убие. Јас сепак мислам дека тоа не е точно, зошто тогаш одел и низ другите села да убива луѓе ако било така, смета Милан Прокиќ, уште еден жител на селото Дубона.

Српскиот претседател нападот го нарече терористички чин, и ја увери јавноста дека 21 годишниот убиец нема да види дневна светлина до крајот на својот живот. Дури ѝ предложил на владата да се врати смртната казна во Србија, но тој предлог бил одбиен.

Овој повторен масовен злосторнички напад, по нападот врз нашите деца а потоа и неселективниот напад врз секој кој случајно се нашол дали пред ловечкиот дом, логорскиот оган или пред својата порта работејќи нешто, ова е напад врз целата наша земја, рече вучиќ.

Откако втор пат во нецели три дена се случи уште едно масовно убиство, српскиот претседател најави ревизија на сите дозволи за огнено оружје во земјата. Порачувајќи дека комплетно ќе ја разоружаат Србија, Вучиќ рече дека двојно ќе бидат зголемени казните за поседување нелегално оружје, ќе бидат воведени редовни контроли на сопствениците на оружје, лекарски прегледи за нивната психичка состојба и задолжителни проверки за употреба на дрога.

Игор Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нови битки за Преспа: СИРИЗА со осуда за изјавите на Мицкоски, но и со нотирање одговорност за Мицотакис

Дејан Дејан

Дали ќе се раскинува договорот со “Бехтел&Енка” за над милијарда евра вредните коридори?

Дејан Дејан

Милијардата ќе биде европска, но не унгарска, објаснува Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе