Вести Најважни Свет

Молитви и цвеќиња за жртвите во Белград, од денеска почнува тридневна жалост за настраданите

Србија жали по прерано згаснатите детски животи по нападот во училиштето во Белград… Од денеска во земјата е прогласена три дневна жалост.

Синоќа голем број луѓе се собраа во катедралата Свети Сава за да се молат и да им оддадат почит на загинатите.

Трагедијата, предизвика широка дебата за општата состојба на нацијата по децениските кризи и конфликти чии последици создадоа состојба на постојана несигурност и нестабилност, заедно со длабоки политички поделби. Според надлежните се уште не е јасно што е она што го поттикнало 13 годишникот да реагира на таков начин. Сепак заедничкиот став е дека трагедијата го разоткри нивото на насилство присутно во општеството и предизвика длабока шокираност.

Властите од вчера почнаа да донесуваат одлуки за зајакнување на контролата на оружјето, а полицијата ги повика граѓаните кои поседуваат оружје истото да го заклучат и да го чуваат на безбедно место и далеку од дофат на деца особено откако се дозна дека тинејџерот во својот поход користел оружје во сопственост на неговиот татко.

Кецмановиќ нападот го планирал еден месец, цртал скици на училниците и правел списоци на децата што планирал да ги убие… Во нападот во средата повредени се уште седум други лица од кои едно дете се уште е во критична состојба со повреда во главата.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нови битки за Преспа: СИРИЗА со осуда за изјавите на Мицкоски, но и со нотирање одговорност за Мицотакис

Дејан Дејан

Дали ќе се раскинува договорот со “Бехтел&Енка” за над милијарда евра вредните коридори?

Дејан Дејан

Милијардата ќе биде европска, но не унгарска, објаснува Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе