Вести Најважни Свет

(ФОТО) Масакар во Младеновац, убиени 8, а повредени 13 лица – меѓу нив и деца

Осум лица се убиени а најмалку 13 повредени во нов инцидент во Србија. Напаѓач со автоматска пушка пукал по случаен избор објави државната телевизија.

Инцидентот се случи доцна синока во близина на градот Младеновац, што е на околу 50 километри јужно од главниот град, се вели во извештајот на РТС рано утринава. Полицијата трага по 21-годишен осомничен кој побегнал по нападот, се вели во извештајот.

Лицето за кое полисијата се сомнева дека го изврши новиот масакар полицијата го именуваше како Урош Б. и објави негова слика во медиумите.

 

Српскиот министер за внатрешни работи Братислав Гашиќ пукањето во Младеновац го опиша како „терористички чин“.

Во регионот се испратени специјални полициски и хеликоптерски единици, како и амбулантни возила.

Засега нема други детали, а полицијата не даде никакви изјави.

Престрелката се случува на само еден ден откако 13-годишно момче користејќи ги пиштолите на неговиот татко во дивеење уби осум негови соученици и училишен чувар.

Крвопролевањето предизвика шокираност низ целата земја но и кај балканската нација, која не е навикната на масовни убиства.

Иако Србија е преплавена со оружје останато од војните во 1990-тите, масовните престрелки се исклучително ретки. Престрелката во училиште во средата беше прва во модерната историја на земјата.

Последното масовно пукање пред оваа недела беше во 2013 година, кога воен ветеран уби 13 лица во едно централно српско село.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нови битки за Преспа: СИРИЗА со осуда за изјавите на Мицкоски, но и со нотирање одговорност за Мицотакис

Дејан Дејан

Дали ќе се раскинува договорот со “Бехтел&Енка” за над милијарда евра вредните коридори?

Дејан Дејан

Милијардата ќе биде европска, но не унгарска, објаснува Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе