Вести Македонија Најважни

Правна дупка и женска суета го голтнаа Судскиот совет- Лидерот на пучистите тврди се е поради Агелер, а не поради Мијалков и Беџети

Лидерот на пучистите во Судскиот Совет, заменик претседателот Селим Адеми преку интервју дадено за веб медиумот Порталб ја објаснува и причината за пучот, но и законски толкува дека пучот бил изведен преку правна дупка, а не дека било незаконски.

За контроверзниот пуч кој заврши со сомнителна и срамна, набрзина смислена процедура за разрешување на Весна Дамева, Адеми смета дека претседателката на Судскиот совет треба да бара Уставниот суд да одлучи дали е легално или нелегално разрешена.

Се што со закон и Устав не е забрането, според Адеми е дозволено, а експертите и докторите по правни науки толкувале погрешно.

– Секој професор или кој било експерт нека каже кој законски член е прекршен. Искрено се согласувам со она што го кажаа дека треба да се регулира прашањето. Законот не предвидел како може да биде разрешен претседателот на Судскиот совет. Но, се што не е забрането со Устав и со закон не е забрането. Во законот стои дека Судскиот совет одлуките ги одобрува со мнозинство гласови од присутните членови, доколку постапката не е уредена со друг закон или со конкретен закон. На гласањето за смена имаше мнозинство 7 „за“ и 5 „против“. Советот брои 13 членови, плус двајца без право на глас. Но, според законот 13 имаат право на глас. Значи, 7 е мнозинство за секоја одлука на Судскиот совет, доколку со закон не е предвидено поинаку, вели во интервју за Порталб Селим Адеми, заменик претседател на Судски совет .

Адеми има оригинално и со инсајдерски информации поткрепено толкување за причината за смената. Женската суета отворила битка меѓу Дамева од една и Павлина Црвенковска и Лорета Георгиевска од друга страна, со што Адеми смета дека било попречувано тековното работење на Советот.

Како причина, Адеми воопшто не ја спомнува постапката за дисциплинска одговорност за апелациониот судија Енвер Беџети за кого беше утврдено дека го криел предметот Тврдина таргет за Сашо Мијалков и масовното прекршување на човекови права со нелегално прислушување.

На конкретното прашање само потенцира дека на дневен ред немало точка за разрешување на судија. Според законот прво се отвара дисциплинска постапка па доколку се утврди, тогаш  се предлага рарзешување.

А драмата во Советот почна токму со спомнување на дисциплинската постапка за судијата Беџети.

Коцо: Американската амбасадорка со право реагира за Апелициониот суд, а оправдувањето на Апелација не „држи вода“

Од друга страна, дополнителна причина за разрешување за кое и самиот тврди не е регулирано, ама не е забрането, според Адеми било сокриеното писмо од амбасадорката на САД Агелер токму за пропустите на скопскиот апелационен суд каде е и Беџети.

– Кога ќе дојде писмо до Судскиот совет, не може кога таа сака ќе ти го даде, а кога не. Не смееше да се толерира тоа што и по две недели од пристигнатото писмо од амабасадата на САД, ние само да бидеме информирани без да ја дознаеме содржината. Дури по две недели, на инсистирање на членовите, таа ни достави копија, додава Адеми.

За разлика од Адеми, многу професори, поранешни судии и стручни невладини набљудувачи оценија дека постапката била ниту законска ниту достоинствена за највисокото судско тело.

Телма вчера објави дека анти-Дамева коалицијата ја формирале 4 членови подржувачи на Беџети и двајца судии поддржувачи на претседател на Основен суд од внатрешноста за кого требало да се отвори постапка по претставки и до Советот на јавни обвинители и од ДКСК. За последниот случај, Адеми нема ниту збор во интервјуто за Порталб.

Миомир Серафиновиќ

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кривична пријава за двојното убиство во Стајковци

Дејан Дејан

Кривична и истрага против вработена во СВР Скопје, измамувала граѓани за социјални станови

Дејан Дејан

Не се прифатени тужбите на ДУИ за изборите, одлучи Управниот суд

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе