Вести Македонија Најважни

Телма открива нови детали за судирот во судски совет- покрај апелационен судија се водела битка и за претседател на суд

Повеќе одлуки и активности на судскиот совет предизвикале групирање и судир во составот на  советот. Покрај постапката за одговорност за апелациониот судија Енвер Беџети за кого тим на истиот судски совет утврди дека го чувал во фиока предметот „Тврдина Таргет“ за Сашо Мијалков и за масовното прекршување на човековите права со нелегално прислушување, коалицијата против претседателката Дамева ја дополнила и уште една постапка.

Според сознанијата на Телма, за претседател на основен суд во државата, судскиот совет требало да отвори постапка за одговорност бидејќи до нив имало доставени претставки и од антикорупциската комисија и од советот на јавни обвинители.

Антикорупционерите отвориле постапка против претседател на основен суд во внатрешноста за прекршување на одредбите за судир на интереси и борба против корупцијата. За својата постапка, ДКСК го известила и судскиот совет и побарала мерки за претседателот на судот, дознава Телма.

Но, за истиот судија односно претседател на суд имало уште една претставка. Советот на јавни обвинители примил жалба од  обвинители од градот чиј суд го раководи истиот претседател на суд за неговото однесување кон обвинителите за време на судските процеси.

Советот на јавни обвинители претставката ја препратиле до колегите во судскиот совет и назначиле дека судијата им затворал врата од судница на обвинителите, ги навредувал и омаловажувал пред и за време на рочиштата и било побарана акција од судскиот совет.

Двајца членови на Судскиот совет кои биле во блиски колегијални релации со пријавениот претседател на суд се обидувале да не се покрене постапка за одговорност против него.

Кога предметот за Енвер Беџети стигнал до дневниот ред на судскиот совет во средата, 4-цата подржувачи на апелациониот судија претходно веќе склучиле коалиција со двајца колеги поддршувачи на претседателот на судот против претседателката Весна Дамева во обид за спас на своите блиски колеги, потврдија за Телма доброинформирани извори.

6-мината членови на Советот успеале да убедат уште еден и се обидоа да го извршат пучот против Дамева и да ја симнат од тронот. Но 7-те пучисти потполно ги промашиле законските одредби и со своето гласање покажале целосно непознавање и непочитување на законите иако станува збор за највисокото судско тело во државата.

Драмата набрги прерасна во комедија, а пред јавноста ги откри тајните игри во судскиот совет.

Двете групации, оние за и оние контра Дамева имале и претходно судири, а се однесувале на проверки во двата најголеми судови надвор од Скопје.

Во тетовскиот суд била истражувани серија на сомнителни постапки за иземања на граѓански судии, додека во кумановскиот се испитувала претставка за дискриминација на судии по етничка линија.

По судирот, двете страни на крај се договориле за мазно затворање на овие случаи.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Регистриран прв случај на Зика вирусот во Македонија – пациентот се заразил на Малдиви, каде бил каснат од комарец

Sasko Dimovski

Трамп: Мелони ме молеше да се сликаме во Париз – Мелони: Ниту јас, ниту Италија не молиме никого, запамти го тоа

Sasko Dimovski

Хоџа: Работиме на регистар за секој граѓанин да има увид кој капацитет колку загадува, ако не се реализира проектот ќе сносам одговорност

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе