Вести Македонија Најважни

Јаревски: Србија гради со тендер, а ние со договор во четири очи – Груби вели ВМРО – ДПМНЕ лаже

Пратеникот од редовите на ВМРО – ДПМНЕ Јаревски му одговори на првиот вице премиер Артан Груби, кој вчера ја обвини опозицијата дека шири лажни вести за изградбата на Коридорите 8 и 10-д и дека со блокадата во Собранието само ја поскапуваат и пролонгираат изградбата но, не може да ја запрат.

Јаревски денеска вели дека Бехтел и Енка во Србија учествуваше на тендер со дупло поевтини суми од тука.. Според него во Србија имало тендер, а кај нас договорот е склучен во четири очи.. Километар автопат во Србија вреди 7 милиони евра, а во Македонија 20 милиони евра, вели Јаревски.

И денеска на ваквите обвинувања одговори првиот вицепремиер Артан Груби. Тој на својот Фејсбук профил и денеска напиша дека граѓаните не треба да веруваат на лагите на ВМРО – ДПМНЕ.

– Не дозволете да ве лажат: ништо не може да ја спречи изградбата, само ја прави поскапа и подолга. Блокадата на ВМРО и Левица може да ги чини граѓаните над 100 милиони евра и две години подолга изградба на автопат. Пратениците одлучуваат дали автопатите ќе се градат побрзо и поевтино или побавно и поскапо – напиша Груби на фејсбук.

Телма веќе информираше дека Моравскиот коридор во Србија во должина од 112 километри кој што го гради фирмата Бехтел – Енка е врз основа на договор тежок 800 милиони евра, додека пак автопатите во Македонија во должина од  109 километри ќе чинат милјарда и триста милиони евра.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Повеќемина паднаа на тестови за дрога, добија откази – француската влада ги тестираше вработените во министерствата и високите државни службеници

Sasko Dimovski

Судскиот процес против Мадуро закажан за 1 јуни во 2027 година во Њујорк

Sasko Dimovski

Скопските општини ќе формираат комисии за пријавување на штети од невремето

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе