Година на повеќе загинати работници и година која следи во која главна тема се токму градежниците.
Иако се изложени на најголем ризик при работата, владата го трасира патот да можат да бидат ангажирани до 60 часа во неделата.
Ќе бидат дополнително платени и нема да гинат од замор гарантира надлежната министерка за труд и социјала која одново ги брани законските измени со кои се даават поволности на изведувачот на коридорите 8 и 10д, Бехтел и Енка.
Паднале од скеле, останале затрупани, се превртеле од трактор се дел од црните биланси во кои минатата година животот го загубиле 22 работници.

Со овие податоци Македонија спаѓа во високо ризична земја а зголемени се и повредите на работното место, вели Милан Петковски од македонското здружение за заштита при работа.
Според годишниот извештајот на македонското здружение за заштита при работа за 2022 година во Скопје имало најголемиот број на смртни случаи. Смртен исход поврзан со работното место има и во Струга, Струмица и Неготино.
28 Април е и Меѓународен ден на сеќавање на работниците што ги загубиле животите поради повреди на работа и професионални болести, а здружението денеска организираше симболично засадување 22 дрвца во парк во Ново Лисиче.
За неколку дена, на 1-ви мај Македонија го одбележува и денот на трудот.
Симона Петровска
