Вести Македонија Најважни

Професорката Павловска-Данева за разрешувањето на Дамева од Судскиот совет: Сите молчат!

Не стивнуваат реакциите по вчерашното разрешување на претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева. Професорката на Правниот факултет, Ана Павловска Данева, во објава на Фејсбук, коментира дека Дамева е разрешена спротивно на Закон и деловник. Таа предлага „Владата, која има свој претставник во Судскиот совет, Претседателот на државата, кој, исто така, има свој претставник, Врховниот суд како највисока судска инстанца, правните експерти, Уставниот суд, јавно да го осудат, како што, вели преседанот со разрешувањето на претседателката на Судски совет.

Професорката, исто така, сугерира дека „Службен весник“ не треба да ја објавува одлуката донесена во незаконита постапка, а таа треба да се оспори во управен спор со барање за изрекување на времена мерка од страна на Управниот суд.

Со реакција на ФБ се огласи и адвокатката Сузана Јошевска Анастасовска. Таа во својот коментар го опиша разрешувањето на Дамева како драма во Судски совет со што се задава нокаут на веќе паднатото судство на колена

„Ако претседателка на ова тело може да се разреши како да е претседателка на куќен совет, надвор од секоја процедура, со насилие и пуч во телото, секој судија треба да се запраша дали овој состав треба да одлучува за неговата одговорност и напредување во кариерата. И како би бил заштитен тој како судија???“, се вели меѓудругото во нејзиниот коментар.

Дамева беше на чело на Судскиот совет од декември минатата година и ја наследи Црвенковска која сама си даде оставка и рече дека трпела хајки од судско-бизнис елитата. Според најавите, денеска на седница ќе се бира нов претседател на Судски совет.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Повеќемина паднаа на тестови за дрога, добија откази – француската влада ги тестираше вработените во министерствата и високите државни службеници

Sasko Dimovski

Судскиот процес против Мадуро закажан за 1 јуни во 2027 година во Њујорк

Sasko Dimovski

Скопските општини ќе формираат комисии за пријавување на штети од невремето

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе