Вести Македонија Најважни

Незаконски и ништовна одлука – експертската јавност со остри реакции по разрешувањето на Дамева

Загриженост и осуда се рекациите на експертската јавноста и невладиниот сектор по вчерашната седница на Судскиот совет на кој беше разрешена претседателката Весна Дамева. Прекршени се неколкуи закони и процедури и затоа одлуката е ништовна. Ова е ставот на професорката Павловска Данева.

За професорката Павловска Данева е спорно и тоа што заменикот Адеми претседаваше со седницата во присуство на претседателката Дамева што законот не го дозволува и што е разрешена без мнозинство на гласови односно осум. Управниот суд е инстанцата каде што Дамева може да бара оценување на закопнитоста на нејзиното разрешување.

Претседателот Пендаровски, на чиј предлог Собранието ја избра Дамева за претседател смета дека вчерашната седница и нејзиното разрешување не му долиуваат на тело како Судскиот совет

Ставот на претседателот Пендаровски е дека се случуваа сцени кои не му доликуваат на телото кое има многу одговорна улога, со оглед на надлежностите кои ги има во изборот и разрешување на судии и оценување на работата на судиите, грижата за угледот на судството како клучен фактор за довербата на граѓаните кон судството, соопштија од претседателскиот кабинет.

Блупринт групата за реформи во правосудството која ја сочинуваат дваесетина невладини организации се крајно загрижени по вчерашната седница и сметаат дека не се запазени законските прописи и регулативи, нешто што токму за Судскиот совет мора да биде императив. Според нив, потпретседателот на Советот немал право дас гласа.

Во ниту една одредба од законот не е предвидена постапка за разрешување на претседател на Судски совет или за разрешување на член на Судскиот совет по друг основ освен кога се работи за утврдување на дисциплинска одговорност. Исто така, сакаме да укажеме дека ниту Деловникот на Судскиот совет не содржи одредби кои ја уредуваат постапката или причините за разрешување на претседател на Судски совет на РСМ, што значи дека правен основ за донесување на одлуката за разрешување на претседателката на Судскиот совет на РСМ не постои, реагираат од Блу принт групата.

Невладините побараа од членовите на Судскиот совет да го преиспитаат своето постапување во конкретната ситуација, и притоа да ја покажат и докажат својата непристрасност.

Загриженост изрази и Антикорупциската Комисија која ги потсети членовите на Советот на начелата на законитост и интегритет. Оттаму го потенцираа членот 39 од Законот за спречување на корупција со кој се забранува на политички партии или лица кои настапуваат во име на политички партии било какво влијание при избор, именувања и разрешување на раководни места.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Не се прифатени тужбите на ДУИ за изборите, одлучи Управниот суд

Дејан Дејан

Туфегџиќ во „Топ тема“: Завршена е истрагата за таткото на Вања

Дејан Дејан

Прифатени нерегуларностите на изборите за гласачки места во Крушево и Долнени, се одлучува по останатите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе