Министерот Бектеши најавува кривични пријави за трговците кои не ја почитуваат одлуката за замрзнување на цените како и за изложување на залихите во продажба до 70 проценти.
Тој ги објави и имињата на некои од поголемите маркети во земјава кои ја прекршувале одлуката и продавале по повисоки цени од утврдените.
Меѓу прекршувачите се маркетите КАМ, Веро, Кипер, Стокомак и Миса.
Тој додава дека од денеска па натаму на судските рочишта ќе присуствуваат и инспекторите од пазарен инспекторат.
Бектеши најави и дека вчера запленетите 15 тони овошје и зеленчук ќе се донираат.
