Вести Македонија Најважни

Работната група стартува неделава без опозиција

Среда е најверојатно денот кога ќе се состанат 23-те члена на Работната група кои треба да го подготват текстот на уставните измени. Десетмина се експерти, десетмина се номинирани од партиите и тројца од институциите. Телото треба да се конституира, да избере претседател и заменик и да утврди методологија за работа. Од Министерството за правда тврдат дека до сега ниту еден од нив не побарал надомест за оваа работа.

ВМРО-ДПМНЕ не учествува, но го критикува составот на Работната група. Тврди дека членовите се врзани семејно и партиски со СДСМ и со ДУИ, немале искуство од уставно право, а професорката Јагода Митревска ја посочи како симпатизер на рускиот претседател Путин. Мицкоски соопшти дека има обиди за придобивање на опозициски пратеници, но безуспешно бидејќи тие не се премислуваат, а „ова партиско раководство нема проблеми со уцени и закани“. 

СДСМ одговори дека поддржувачи на уставните измени има и во редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Упати прашање до Мицкоски – кога ќе понесе морална одговорност што не учествува во стратешките прашања за државата. 

Предлагач на уставните измени ќе биде Владата, откако ќе го добие текстот од Работната група. Потоа, се отвора широка јавна расправа која би требало да почне кон крајот на мај или во почетокот на јуни. За отварање на Уставот, неопходно е во Собранието да гласаат најмалку 80 пратеници.

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Павле Трајанов резибран за лидер на Демократски сојуз на 7-от Конгрес на партијата

Дејан Дејан

Бојаџиевска: Дубравка Угрешиќ не можеше да ја поднесе бруталната комерцијализација на уметноста

Дејан Дејан

Бојмацалиев: Политичките партии да намалат со националистичка реторика

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе