Вести Најважни Свет

Франција и САД ги евакуираа своите граѓани и дипломатски персонал од Картум

Франција започна „операција за брза евакуација“ на своите граѓани и дипломатскиот персонал од Судан, каде борбите меѓу силите на двата ривалски судански команданти влегоа во втората недела, соопшти денеска француското Министерство за надворешни работи.

Претходно денеска, американските сили за специјални операции користејќи хеликоптери за помалку од еден час извршија евакуација на Американската амбасада во Картум, главниот град на Судан.

Француското министерство соопшти дека европските граѓани од „сојузничките партнерски земји“, исто така, ќе бидат евакуирани, како дел од нивната операција, не наведувајќи дополнителни детали.

Според еден дипломатски извор, суданските вооружени сили и паравоените сили за брза поддршка, против кои се борат, дале „безбедносни гаранции“ за операцијата.

Француското Министерство соопшти дека во Судан живеат околу 250 француски државјани.

Првата голема операција за евакуација на цивили од почетокот на борбите ја најави Саудиска Арабија, која врати во земјата 91 нејзин државјанин и 66 државјани на други земји.

Во последните неколку дена, САД, Јужна Кореја и Јапонија распоредија сили во соседните земји, а Европската унија најави дека сака да преземе слични мерки за да организира евакуација на своите дипломати и граѓани од Судан.

Според Светската здравствена организација, досега во судирите во Судан загинале повеќе од 420 луѓе, а 3.700 се повредени.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Астра Зенека призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти

Дејан Дејан

Тошковски: Љупчо Палевски ќе биде екстрадиран најбрзо што може

Дејан Дејан

Земјотрес од 4,3 степени утрово во Србија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе