Вести Македонија Најважни

Ниту проект, ниту багери – изградбата на Коридор 8 почна со кампови за градежна оператива и места за одмарање на работници

Помпезно најавуваниот старт на градба на автопатите се сведе на проекции и анализа на трасата. Првично на 4 април на наплатната станица Тетово – Гостивар, со монтажна бина, свечена церемонија и многу гости се постави камен темелникот за Коридорот 8. Главниот координатор, вицепремиерот Груби, дојде облечен како Коридорот. За денеска се најави старт на градежните работи. Проект нема, но министерот Бочварски пред неколку дена рече дека ќе ги повика новинарите каде треба да дојдат, односно од кое место ќе се означи стартот. Па, наместо покана за локација, стигна кусо соопштение во кое се наведува дека од денеска започнува реализацијата на договор за  коридорите, кој Владата го потпиша со „Бехтал и Енка“. Односно ќе се утврдуваат локациите за поставување кампови, местата за градежните машини но кога ќе се вклучат не се знае.

„Започнуваат подготвителни работи, снимање на теренот, подготовка на урбанистички проекти, основни проекти. Започнува мобилизација на персонал за работа, подготовка на локации за поставување на кампови за градежната оператива, анализа на трасата и можни дислокации на подземни и надземни инсталации, подготовка на постапки за вршење на геотехнички истраги“, соопштија од министертвото за транспорт и врски

За да може „Бехтел и Енка“ да градат побргу, се менуваат неколку закони, а договор ќе остане тајна за јавноста. На ова реагираа дел од невладините организации. Бараа измените во законите да се повлечат со образложение дека се отвара простор за корупција. Со силни критики за измените во законот за работни односи излегоа и од  градежниот синдикат.

„Во просек ќе се работи по  60 часа. Тоа значи дека работната недела од 40 се заменува со 60 часа. Горна граница не може да има. Тука се оспорува и недела како неработен ден, ќе има без прекин работа. Ако сакаат бргу  да се изгради некој пат, нека воведат втора и трета смена или нека ангажираат двојно повеќе работници, кои ќе работат во нормално време и за нормална плата“, вели Иван Пешевски, претседател на синдикат за градежништво.

На самиот старт на реализаицијата на Коридорите 8 и 10Д,  на површина испливаа и проблемите за фирмите кои треба да го вршат надзорот, за кои Обвинителството по подолго време се реши да отвори и предмет. Историскиот проект како што го нарекува Владата ќе чини 1, 3 милијарди евра. За експропријација ќе бидат потребни најмалку 300 милиони евра. Коридорите треба да бидат готови до крајот на 2027 година.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Повеќемина паднаа на тестови за дрога, добија откази – француската влада ги тестираше вработените во министерствата и високите државни службеници

Sasko Dimovski

Судскиот процес против Мадуро закажан за 1 јуни во 2027 година во Њујорк

Sasko Dimovski

Скопските општини ќе формираат комисии за пријавување на штети од невремето

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе