Вести Македонија Најважни

Демократски сојуз бара Мораториум на договорот со „Бехтел&Енка“ – се сомневаат во корупција од големи размери

Демократскиот сојуз (ДС) инсистира на ревизија од Државниот завод за ревизија над досегашните активности во врска со изградбата на коридорите 8 и 10Д.

„Прво, дали потпишаниот Договор со „Бехтел и Енка“ е во согласност со позитивните законски прописи на Македонија. Второ, дали фирмите за консултации и надзор се избрани во согласност со законските решенија“, прашуваат од ДС.

Од ДС бараат ревизорскиот извештај да биде доставен до сите пратеници, но и повлекување на предложените измени на девет закони и нивно доставување до Собранието во редовна постапка.

„Во меѓувреме, постигнатиот Договор со „Бехтел и Енка“ да се достави до сите пратеници и до јавноста, за да може да се направи анализа и стручна експертиза. Доколку Владата и натаму инсистира на тоа дека договорот е класифициран, за тоа да се произнесе Дирекцијата за безбедност и класифицирани информации. До завршување на сите овие претходни активности, да се стави мораториум на имплементацијата на овој стратешки проект“, бараат од ДС.

Партијата ги отфрла, како што вели, тезите на власта дека тие што наводно го оспоруваат овој проект се против САД и ЕУ.

„Јавно соопштуваме дека има сомнежи за корупција од големи размери и сè додека не се обезбеди целосна транспарентност и ревизија на досегашните активности, нема да поддржиме законски измени кои се резултат на веќе потпишаниот договор, за кој граѓаните треба да платат околу две милијарди евра“, истакнуваат од ДС.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сончево и топло со мала локална облачност – Временска прогноза за 29.4.2024

Дејан Дејан

Со лажни дијаманти измамил српски државјанин и му зел пари

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 27.04.2024

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе