Вести Македонија Најважни

Делови од доверливиот договор се појавија на социјалните мрежи

Не е потребен безбедносен сертификат. За увид во дел од договорот со Бехтел и Енка доволен е профил на социјалните мрежи. Додека Владата размислува кому и во колкав обем може да му го покаже договорот, а Собранието одолговлекува со носењето на деветте закони, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски објави два документи кои наводно се дел од спорниот договор, а му ги доставиле свиркачи. Според Планот 11 од Договорот што се однесува на бројот на работници и планот за работа, во 2023 ќе бидат ангажирани 489 странски и 222-ца домашни работници. Во годините до 2027-ма бројките растат, но соодносот останува: странци ќе има далеку повеќе, што е видливо и од приложениот графикон.

Ковачевски и Груби лажат! Од вкупниот број работници само 30 одсто ќе бидат домашни а дури 70 одсто странци. Значи дека 70 одсто од парите на македонските граѓани за изградба на автопатот ќе одат надвор од државата. За да работи странец потребна е дозвола за престој и работна виза, само работниците на „Бехтел и Енка“ ќе можат да работат првиот ден откако ќе стапнат на македонско тло, напиша николовски.

„Во Законот јасно стои обврската за стратешкиот партнер да користи најмалку 51 одсто од локалните ресурси при ангажирањето работници, а странците мора да имаат дозволи за престој и работа“, одговори СДСМ.

ВМРО ДПМНЕ и познатиот извор на лажни вести, Александар Николоски се фокусирани на интензивно пласирање невистини и спинови околу стратешкиот проект за изградба на коридорите 8 и 10д. Не навлегуваме во скриените мотиви за пласирање невистини за стратешки проект и реномирана американска компанија, но законот е јасен и ги демантира лагите на Николоски, обвинуваат од сдсм.

Вицепремиерот Фатмир Битиќи во ТВ интервју најави дека `се што се плаќа со јавни средства, ќе биде објавено, но деловите кои се однесуваат на техничко-технолошкиот процес на компанијата, мора да останат доверливи.

Владата информираше дека нејзини претставници ќе ја презентираат документацијата и деталите од Договорот пред пратениците кои поседуваат соодветен безбедносен сертификат. Потенцира дека се работи за најголемиот инфраструктурен проект во земјата чија вредност е 1,3 милијарди евра. Пред два дена, токму тоа го побараа 9 пратеници на ВМРО-ДПМНЕ кои поседуваат сертификат. Сакаат лично да се уверат дали Договорот содржи штетни клаузули, дали навистина 70 одсто од работниците ќе бидат од странство, дали Владата презела незаконски обврски и се обврзала на плаќање пенали од 53 милиони евра за нивно неизвршување.

Безбедносен сертификат имаат главно членовите на комисиите поврзани со безбедносните, разузнавачките и надворешно-политичките прашања. Тоа што тие ќе го дознаат не смеат да го споделуваат со јавноста или со колегите кои немаат сертификат. Токму поради ваквите одредби, опозицијата прашува: дали пратениците од власта кои ги предложија деветте поврзани закони имаат сертификат и дали имале увид во Договорот, или, предлозите ги доставиле „на слепо“.

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Повеќемина паднаа на тестови за дрога, добија откази – француската влада ги тестираше вработените во министерствата и високите државни службеници

Sasko Dimovski

Судскиот процес против Мадуро закажан за 1 јуни во 2027 година во Њујорк

Sasko Dimovski

Скопските општини ќе формираат комисии за пријавување на штети од невремето

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе