Вести Македонија Најважни

Владата не окрива од која локација ќе стартува изградбата на коридорот 8 во сабота

В сабота почнува изградбата на коридорот 8 но конкретна локација од каде ќе тргне овој проект  од Владата не открива. Од транспорт и врски велат багери на терен ке нема туку подготвоки на трасата.

„На 22 април почнува реализација на проектот и почнуваат да течат роковите. Фирмата почнува со геодетски снимања и мерења, почнува подготовка за постапките за експропријација на земјиштето и подготовка на камповите во кои ќе се сместуваат работниците, што ќе ги градат делниците“, информираат од Министерството за транспорт и врски.

Според претходните најави треба да стартуваат градежните работи на дел од Коридорот 8, а на 12 мај и за Коридорот 10Д.

За владата историски проект, за опозицијата историски грабеж и должничко ропство. Колку работници ќе бидат домашни, а колку странци, а уште едно прашање околу кое ги судрија аргументите. Од опозицијата очекуваат македнските работници да бидат околу максимум 30 отсто, но и коридорите да чинат речиси двојно од најавените милијарда и 300.000 евра. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ тврди и дека во случај на грешка во проектот ќе плаќаат граѓаните.

„Некој ќе проектира, а евентуалните грешки во проектот ќе ги плаќаме ние преку ЈП за Државни патишта, или граѓаните, државата ќе го плаќа тоа што е згрешено. И во периодот кој ќе следи ќе отвораме од оваа верзија на договор која ни е доставена, ќе отвораме и други детали во јавноста и ќе се занимавме и со цените, но и со оние цени кои во договорот се ставени како ТБД, односно допрва ќе се дефинираат и ние имаме основано сомнение тоа најмалку двојно ќе го зголеми оној буџет кој Ковачевски и оние околу него ни го презентираа во јавноста“, вели Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски вчера објави дека властап рифатил во договорот при евентуален спор  да не важи македонското законодавство, туку она на Англија и Велс. Многу прашања и дилеми во јавноста поврзани со изградбата на коридиорите останаа засега неодговорени поради тајноста на договорот.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Што мислат за истополовите бракови, дали црквата треба да плаќа данок и колку партиските лидери им се шефови и им „бркаат“ гласови- Пендаровски и Силјановска во Претседателската дебата на Телма

Дејан Дејан

Наместо бројки, партиите треба да презентираат политики за економски раст, сметаат економските експерти

Дејан Дејан

Велигденски креативи кои ќе ви помогнат да ја разубавите претстојната трпеза

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе