Вести Македонија Најважни

(видео)Вандализам во Струга: Исчезна бистата на Славко Јаневски, бистите на Шопов и Есенин оштетени

Бистата на македонскиот поет Славко Јаневски е исчезната од постаментот во склоп на алејата на поетите на кејот на истекот на Црн Дрим. Бистата на поетот Славко Јаневски е откорната од постаментот, додека бистите на поетите Ацо Шопов и Сергеј Есенин се видливо расклатени во очигледен обид да се откорнат од постаментите.

Исчезнувањето, односно кражбата е пријавена во полициската станица во Струга од страна на директорот на СВП, Тодорче Тасевски.

  • „Најостро го осудуваме вандалскиот чин на кражба на бистата на нашиот истакнат поет Славкко Јаневски како и обидот за кражба на бистите на поетите Ацо Шопов и Сергеј Есенин. Настанот е пријавен во полиција од која очекуваме да ги пронајде и да ги казни сторителите на овој вандалски чин. Бистите на поетите Ацо Шопов и Сергеј Есенин ќе бидат превентивно и привремено дислоцирани за да се извршат потребните технички зафати за нивно поцврсто фиксирање на постаментите за да се оневозможат ваквите вандалски чинови!“, вели Тасевски.

Сличен вандалски чин се случи на 1 октомври 2021 година кога бистата на познатиот македонски поет Анте Поповски беше откроната од постаментот и беше фрлена во крајбрежјето. Истата беше санирана, дополнително зацврстена и вратена на постаментот.

На годишнината од смртта бистата на Анте Поповски фрлена во езеро, оштетен споменикот и на Славко Јаневски

Ваквите вандалски чинови ќе треба да се оневозможат во иднина со заеднички напори на НУМ „Струшки вечери на поезијата“, Општина Струга и МВР преку засилени мерки на обезбедување на  оваа вообичаено фреквентна локација како и со организирање кампањи за подигање на јавната свест за значењето и угледот на Струга како светска престолнина на поезијата. Апелираме сите добронамерни граѓани и почитувачи на поезијата да помогнат со информации во однос на сторителите и пронаоѓањето на бистата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кои се пратениците кои ќе му се придружат на Мицкоски?

Дејан Дејан

 „ Парови “ во Драмски театар, за љубовта како жртва на проекциите на луѓето за себе си

Дејан Дејан

Израел одговара пред Меѓународниот суд на правдата за геноцид- Јужна Африка бара судот да нареди прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе