Вести Македонија Најважни

Само пред пратениците со безбедносен сертификат – Владата ќе презентира детали од договорот со „Бехтел&Енка“

Владата ќе презентира документација и детали од договорот за изградба на коридорите 8 и 10Д во Собранието, пред пратениците кои поседуваат соодветен безбедносен сертификат, соопштија од владината прес-служба.

„Целта е пратениците да се запознаат со содржината и сите детали од Договорот за изградба на двата коридора кои се од нивни интерес. Презентацијата на Договорот, ќе биде спроведена пред сите пратеници од Собранието на Република Северна Македонија кои поседуваат соодветен безбедносен сертификат. Учеството на секоја институција е важно за брза и навремена реализација на овој најголем инфраструктурен проект, кој е од стратешки интерес за државата“, велат од Владата.

Но, ова не ја менува состојбата кон јавноста, бидејќи никој од пратениците кој ќе го види договорот нема да може да споделува информации, бидејќи ќе се соочи со кривична одговорност со оглед дека договорот и натаму останува класифициран како деловна тајна.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Повеќемина паднаа на тестови за дрога, добија откази – француската влада ги тестираше вработените во министерствата и високите државни службеници

Sasko Dimovski

Судскиот процес против Мадуро закажан за 1 јуни во 2027 година во Њујорк

Sasko Dimovski

Скопските општини ќе формираат комисии за пријавување на штети од невремето

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе