Вести Македонија Најважни

Ќе се „развее“ ли европско знаменце кај измените на законот за работни односи – власта не исклучува можност

Владата не исклучува можност за „украсување“ со европско знаменце на предлог-законот за работни односи, кој во моментов е во собраниска процедура.

Собраниската Комисија за труд и социјална политика вчера беше откажана без да се соопшти причината за тоа. За измените на тоа законско решение, Левица има поднесено 1.111 амандмани и неколку амандмани поднесе ВМРО-ДПМНЕ. На седница на Владата беше донесена одлука Договорот со меѓународниот конзорциум „Бехтел&Енка“ да се достави до Јавното обвинителство.

Во новиот предлог-закон за работни односи е предвидено зголемување на работното време до 60 часа неделно за проекти кои се значајни за граѓаните.

За денеска најавена е расправа за измените на законот за минерални суровини, дел од осумте закони кои подлежат на измени со цел реализација на договорот за изградба на патиштата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Повеќемина паднаа на тестови за дрога, добија откази – француската влада ги тестираше вработените во министерствата и високите државни службеници

Sasko Dimovski

Судскиот процес против Мадуро закажан за 1 јуни во 2027 година во Њујорк

Sasko Dimovski

Скопските општини ќе формираат комисии за пријавување на штети од невремето

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе