Вести Македонија Најважни

Османи не навредувал, туку споделувал мислење и критика, тврди одбраната – тужителите се жалат дека им ставил мета на глава и ги омаловажувал

Изјава што министерот за надворешни, Бујар Османи ја даде на 27 октомври лани за бугарски медиум е причина за тужбата за навреда од Македонското меѓународно движење за човекови права и неговиот претседател Бил Николов кои го финансира здружението „Никола Вапцаров“ во Благоевград. Во друга изјава, здружението го нарекол сомнително објаснуваше адвокатот на тужителите на денешното прво, подготвително, рочиште во Граѓанскиот суд.

„Османи како претседавач со ОБСЕ оди по светот во заштита на човекови права, а тука омаловажува и навредува здружение кое се бори за малцински права“, смета адвокатот на Николов и Македонското меѓународно движење од Канада кои бараат отштета од министерот од 10.000 евра.

Османи негира дека ги навредил. Тоа ќе го објаснува на 29 мај, кога ќе дојде на распит во Граѓанскиот суд. Неговото присуство денеска не беше задолжително, а неговиот адвокат објаснуваше дека немал намера никого да омаловажи, најмалку тужените. Очекува судот да ја одбие тужбата како неоснована и непоткрепена со факти и докази.

„Иако е функционер, Османи има право да дава мислење особено за здруженија и граѓани кои делуваат јавно“, смета адвокатот.

Адвокатот на тужителите го повика Османи ако сака да критикува да си даде оставка и како обичен граѓанин на да критикува, а не да навредува и од позиција на моќ да прогласува сомнителни лица и антидржавни елементи. Адвокатот на Османи, пак, рече тужителите бараат отштета, а не доставиле медицинско вештачење со кое би се утврдила душевна болка од повреда на чест и углед.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Повеќемина паднаа на тестови за дрога, добија откази – француската влада ги тестираше вработените во министерствата и високите државни службеници

Sasko Dimovski

Судскиот процес против Мадуро закажан за 1 јуни во 2027 година во Њујорк

Sasko Dimovski

Скопските општини ќе формираат комисии за пријавување на штети од невремето

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе