Вести Наука и здравје Свет

Спејс Екс го откажа лансирањето на најголемата до сега изградена ракета

Неколку минути пред планираното лансирање на најголемата до сега развиена ракета, Старшип на компанијата Спејс Екс, беше одложено за најмалку 48 часа. Спејс Екс, чиј сопственик е вториот најбогат човек на планетата, Илон Маск, соопшти дека бил детектиран проблем поради замрзнат вентил за притисок, и поради тоа лансирањето било откажано.

Неколку часа пред планираното лансирање и самиот Маск ја повика јавноста да ги намали очекувањата, потеницрајќи дека станува збор за првиот лет на еден многу комплициран, гигантски систем.

Спејс Екс и Маск планираат да го револуционизираат целиот ракетен бизнис со ракетата Старшип. Таа, исто како и нејзините претходнички Фалкон 9 и Фалкон хеви, е замислена за повеќекратна употреба.

Составена од два дела, намерата на Спејс Екс е и двата дела по завршените мисии во вселената да можат безбедно да слетаат на земјата, да бидат наполенти со метан и веднаш да бидат повторно употребливи.

Компанијата веќе со години експериментира со различни пристапи во иградбата на овие летала, и поради тоа има неколку модели кои го чекаат својот ред да полетаат.

Покрај илјадниците вселенски ентузијасти кои се наредија долж мексиканскиот залив во близина на Бока Чика, од каде што требаше да полета Старшип, можеби најзинтересиран е американската вселенска агенција НАСА. Таа ѝ даде речиси 3 милијарди долари на Спејс Екс, за да развие варијатна на ракетата Спејсшип за нова мисија со човечки екипаж до Месечина.

Маск и самиот не ја крие неговата визија за испраќање на човечки мисии уште подлабоко во Соларнито систем.

Тој го гледа Спејсшип како потенцијален револуционерен чекор, едно неверојатно зголемување на капацитетите , капацитетите навистина да се однесе поголем група на луѓе на Марс. Има многу потенцијални придобивки, но иста така има и голем потенцијален ризик бидејќи тоа е многу тешко. Никој не изградил ни приближно толку голема ракета, двојно поголема од најголемата до сега, изјави професорот по аеронаутичко инжењерство на Универзитетот во Јужна Калиформија, Герет Рајсман.

Планот за денешниот тест лет на ракетата на Спејс Екс беше таа да полета надлетувајќи го Мексиканскиот залив. 33 мотори на нејзиниот долен дел беше планирано да работат 2 минути и 49 секунди, пропелирајќи ја ракетата на над 100 километри над површината на земјата, по што долниот дел ќе се оддели и ќе се врати назад над Мексиканскиот залив, каде што ќе лебди над водата пред да го потроши целото гориво и да направи контролирано уривање во водите на Мексиканскиот залив.

Горниот дел од ракетата, вселенскиот брод, Спејс Екс планира да ја заобиколи речиси целата планета, повторно влегувајќи во нејзината атмосфера над Пацифичкиот океан, правејќи контролирано уривање северно од Хавајските острови.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Фото) Град со големина на орев се истури врз кумановско-липковскиот регион

Дејан Дејан

Вучиќ: Не очекувавме дека некои земји ќе ни забијат нож во грб

Дејан Дејан

(Видео) Жена загина во Сомбор, причинета материјална штета и црвен метео аларм – силно невреме во Србија, во Хрватска, во БиХ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе