Вести Македонија Најважни

Борбата за лекот „Трикафта“ ги подели пациентите со цистична фиброза

Асоцијацијата за цистична фиброза се огради од ставот на нивниот соборец триесет и две годишниот Игор Пехчевски.

Ова следуваше по неговата објава на социјалните мрежи каде што вели дека директорката на детската клиника му се заканила дека доколку продолжи да го бара лекот „Трикафта“ по медиуми нема да има повеќе место за него во клиниката.

Асоцијацијата за цистична фиброза вели дека тие се оградуваат од него поради тоа што сметаат дека може да им наштети и на нив.

Благодарни им се на докторите, кои според нив, работат професионално.

-Во врска со најновите случувања и изјава на пациентот Игор Пехчевски, член на асоцијацијата, асоцијацијата се оградува од неговиот личен став поврзан со неговото лечење и третманот кон него. Сметаме дека личното незадоволство на нашиот член може да оди на штета на сите пациенти и на тоа што асоцијацијата до овој момент успеа да го постигне, вели Лаира Криештарац, од асоцијацијата со цистична фиброза.

Пехчевски , од болничкиот кревет, ги обвини првите луѓе од Асоцијацијата дека први го напуштиле бродот. Ги потсети дека благодарение на неговиот транспарент „Трикафта за сите“ го добиле лекот, кој за него недостасува. Прстот и денеска го впери кон директорката на детска клиника, доктор Фуштиќ, која ангажирала психијатар за да поразговара со него.

„Фики Гаспар и Ивана Атанасоска, нели капетаните последни го напуштаат бродот, вие први го сторивте тоа. Нека ви служи на честа“. Втор кикс на доктор Стојка Фуштиќ, лично од неа нарачано да дојде дежурната докторка на Детска клиника и да ми даде телефонски да разговарам дека за кратко време ќе стаса психијатар со таблети за мене? Се прашувам која ли е целта?“ – вели Пехчевски.

Директорката на детската клиника Фуштиќ вели дека првпат во својата 30-годишна кариера се соочува со вакви обвинувања.

За Телма потврдува дека повикала психијатар да разговара со Игор, но демантира дека му се заканувала.

Објаснува дека отпусната листа со два дена порано излез од болицата е заради велигденските празници, за кои Игор самиот инсистирал, но потоа се премислил. Пехчевски ќе добие „Трикафта“, вели Фуштиќ, но болничката соба не е место за самопромоција.

Досега лекот „Трикафта“ го примија само 12-те најкритични пациенти.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Повеќемина паднаа на тестови за дрога, добија откази – француската влада ги тестираше вработените во министерствата и високите државни службеници

Sasko Dimovski

Судскиот процес против Мадуро закажан за 1 јуни во 2027 година во Њујорк

Sasko Dimovski

Скопските општини ќе формираат комисии за пријавување на штети од невремето

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе