Јавноста е потресена и бара одговорност по трагедијата во скопската населба Пинтија. Според последните информации дворот во кој биле чувани повеќе кучиња од истата раса бил соодветно заграден, а на влезот има поставено и предупредувачки знак „пази куче“.
Ставот на експертите е дека ниедно куче не се раѓа агресивно, туку се здобива со такво однесување според тоа како е третирано и одгледувано… 12-годишното куче кои го нападна момчето е заловена од шинтерската служба и ќе се проверува дали има беснило.
Се уште останува нејасно како дошло до нападот бидејќи во тој момент немало никој во куќата. Детето било пронајдено од сопственикот на објектот но веќе било предоцна. Во Старата општа болница била констатирана смрт.
По бројните повици со реакција се огласија и од Здружението за заштита на животни Анима мунди. Од таму велат дека жалат за трагедијата и изразија сочуство до семејството. Побараа итна прецизна категоризација на расите на кучиња и донесување на забрана за размножување, продажба и увоз на животни кои ќе се категориризаат како животни кои имаат предиспозиции да загрози живот на друго битие и нивна итна стерилизација.
