Вести Наука и здравје Свет

Пациентите на листата на чекање умираа, сега можеме да ги погледнеме во очи, вели кардиолог Милиќ – нема повеќе листи на чекање за операција на срце во Ниш

Амбасадорот на САД во Србија, Кристифел Хил на Твитер со посебна порака до тимот доктори предводени од Драган Милиќ од Ниш, Србија.

„Фантастични и трогателни вести од Ниш. Му честитам на мојот пријател д-р Драган Милиќ, благодарност до него и целиот негов персонал за овој херојски напор. Ова е од големо значење за грижата за другите“, напиша Хил.

Милиќ е директорот на Клиниката за кардиохирургија на Универзитетскиот клинички центар во Ниш, кој заедно со лекарите и медицинскиот персонал на оваа клиника, со дополнителна работа, оперирајќи без никаков надомест во изминатите 12 викенди, успеа да направи вистински подвиг и да ја елиминира листата на чекање за кардиоваскуларни операции.

„После речиси 100 дена работа и 12 последователни работни викенди за време на кои персоналот работеше без финансиска надокнада, Клиниката за кардиохирургија во Ниш ја оствари целта. Листите за чекање се елиминирани и сега се Листи за закажување. Пациентите веќе нема да чекаат за операција по 4 – 6 месеци, туку 7 – 15 дена!“, ја објави д-р Милиќ радосната вест.

Како што објавува српски „Блиц“ , сега не стивнуваат пораките за поддршка од сите страни. А како што вели и Милиќ сега неговиот тим е предложен за орден или за награда.

Сепак тој вели дека тие си ја вршеле работата и дека не направиле ништо толку револуционерно за да добијат орден.

„За нас, пациентите на таа листа на чекање умираат. Сега можеме да ги погледнеме сите наши пациенти во очи: никој нема да умре затоа што не ја добил операцијата на време! Никој друг. Сега е само прашање дали сакаат да ја направат операцијата и кога“, објаснува Милиќ во изјава за „Блиц“.

Министерството за здравство на Србија не даде согласност на ваква бесплатна дополнителна работа за викенди, додека од Фондот за здравство велат дека приоритет е скратувањето на листата на чекање, но секое работење надвор од работното време треба да се плаќа согласно законот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нови битки за Преспа: СИРИЗА со осуда за изјавите на Мицкоски, но и со нотирање одговорност за Мицотакис

Дејан Дејан

Дали ќе се раскинува договорот со “Бехтел&Енка” за над милијарда евра вредните коридори?

Дејан Дејан

Милијардата ќе биде европска, но не унгарска, објаснува Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе